Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски: Соработката со соседите е лакмус тест за подготвеноста за членство во ЕУ

0
By Sashko on December 30, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 30, 2021 18:07

Ако не соработуваме повеќе со соседите, илузија е да очекуваме поголема соработка со земјите членки на Европската Унија кои се подалеку во географска смисла од нас, истакна претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на подкастот „Европски муабети“.

Еден значаен лакмус тест дали сте вие подготвени да бидете еден ден дел од Европската Унија е дали сте подготвени да имате продуктивна соработка со првите соседи и они кои ви се наоѓаат во истиот регион, вели претседателот Пендаровски.

Тој смета дека доколку политичарите кои младите луѓе ги избрале, не ја исполнуваат агендата за која се залагале и ја пропагирале во медиумите пред да бидат избрани, нема друг начин освен „да им се дише зад врат“ и да ги притискаат да се однесуваат на демократски начин и да не ги злоупотребуваат државните фондови за приватни цели.

Нема никаква дилема и никој не треба да има дилема или сомнеж за инцијативата на Младинскиот сојуз за основање на грчко-македонски канцеларии за младинска соработка, односно за ефикасноста и продуктивноста на овие канцеларии, за она што е нивната примарна цел – приближување на младите генерации од двете држави, кои беа непотребно разделени и политички и на секаков друг начин речиси четврт век. Кога ќе ги приближите младите ќе видите дека нема никаква разлика меѓу нив, имаат исти радости, грижи, задоволства, иста музика слушаат исти филмови гледаат и делат исти вредности, посочи претседателот Пендаровски.

Тој истакна дека младите се значајни за евроинтегративните процеси, затоа што се најдинамичната сила на секоја економија и најпрогресивниот дел во секое општество и треба да им се даде шанса да се изразат односно да се создаде амбиент во кој ќе покажат што знаат да направат.

Според шефот на државата, зголемената недоверба кај младите во Европската Унија во најголем дел е поради блокадата од нашите соседи.

Пред 10 години помеѓу 92 и 94 отсто од граѓаните на Северна Македонија биле ЗА членство во Европската Унија, сега под овие околности и поради неправедните блокади евроентузијазмот опаѓа, а особено опаѓа кај младите возрасни категории од 18 до 25 години, односно оние кои треба утре кога ќе испреговараме да ги почувствуваат најголемите бенефити од членството. Оние кои сега се на возраст меѓу 18 и 25 години по преговорите за членство се уште ќе бидат во кондиција да ги уживаат привилегиите од членството и да видат конкретно што значи обединета Европа, истакна претседателот Пендаровски.

Серијата подкасти со наслов „Европски муабети“ се организирани од страна на Младинскиот совет, во соработка со Европската куќа – Скопје и со поддршка од Делегацијата на Европската Унија.

ЕУ Македонија Подкаст претседател соработка Соседи Стево Пендаровски членство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.