Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По две недели пауза, Собранието повторно заседава, но на раб на кворум

1
By Нова ТВ on February 20, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 20, 2018 15:34

По две недели пауза, Собранието денеска одржа пленарна седница на која пратениците гласаа за осум закони по скратена постапка, но со потешкотии во обезбедувањето на кворум бидејќи пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и покрај координациите одлучија и понатаму да ја бојкотираат работата на законодавниот дом.

За време на седницата, претседателот на Собранието, Талат Џафери неколку пати имаше проблем да обезбеди кворум на присутни пратеници па во 12.20 часот даде пауза до 13 часот и коордиторите на пратеничките групи ги повика кај него на координација.

Но и по паузата, во Собранието повторно немаше доволен број на пратеници, бидејќи фалеа дел од пратениците на ДУИ.

-Ејуп каде ти се пратениците? Вие сте координатори, треба да ги координирате пратениците. Ако не можете да си ја вршите работата треба да кажете, му се обрати Џафери директно на координаторот на ДУИ, Ејуп Алими.

Пратеникот на ДУИ, Артан Груби, пак, ја обвини опозициската Беса за тоа што Собранието работи на раб на кворум.

– Жалам што пратениците на Беса не дојдоа и не овозможија работа на Комисијата за избори и именувања за да се изгласа Насер Ајдини за уставен судија и со тоа са се комплетира Уставниот суд, како и да се изберат два члена во Советот на обвинители. Пратениците на Беса ги нема и на пленарна седница за да гласаат за измени на Законот за градба со што ќе се овозможи да се уреди граничниот премин Беланице-Станчиќ. Беса само декларативно се залага за реформи, а всушност ги кочи процесите, рече Груби во собранискиот прес центар.

Груби смета дека власта е конструктивна и оти добро течат преговорите на работните групи меѓу ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ за реформските закони, особено за Законот за заштита ба сведоци. Тој повторно ја повика ВМРО-ДПМНЕ да се откаже од 35.000 амандмани,  да се врати во Собранието и да си го смени однесувањето.

Пратениците пред паузата по скратена постапка ги изгласаа изменувањата и дополнувањата на законите за пензиското и инвалидското осигурување, на Изборниот законик, на Законот за градење, на Законот за вработените во јавниот сектор, на Законот за Управата за јавни приходи, на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, на Законот за даночна постапка и на Законот за сигурност во железничкиот систем.

 

 

Беса Груби ДУИ кворум седница Собрание џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 20, 2026

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

ВЕСТИ June 20, 2026

Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи ќе…

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

June 18, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.