Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По „киксот“ на ЕУ, Русија ги активира локалните олигарси за своите цели на Балканот

0
By Нова ТВ on December 14, 2019 СВЕТ
Фото: globalmeatnews.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 14, 2019 18:58

Одлуката на Европската Унија[1] од октомври оваа година да не започне преговори за членство со Албанија и со Северна Македонија е само уште еден знак на предупредување дека можеби не сака и/или не може да го вложи потребниот политички капитал за интегрирање на Балканот во нејзини рамки. Оваа неочекувана епилог го поткопа кредибилитетот на процесот на проширување на ЕУ, како и оној на Берлинскиот процес инициран од Германија во 2014 година кој требаше да ја осигури европската иднина на земјите од Западен Балкан.

Фото: ft.com

Тоа, пак, дополнително ја ослабе гравитациската сила на ЕУ, создавајќи поголем политички вакуум во регионот кој авторитарните сили како Русија и Кина побрзаа да го искористат. Истите го користат уназадувањето на демократските процеси и широко распространетата корупција и „заробеност“ на државите за да го зголемат своето економско и политичко влијание во регионот, се вели во анализата на Центарот за демократски студии од Софија.

Во анализата се дефинираат неколку точки како клучни во однос на стратешките цели на руската и кинеска дипломатија во регионот на југоисточна Европа, дефинирани по неуспехот на Европскиот Совет да испрати јасна порака за иднината на овој регион.

Клучни точки

„Слабеењето на гравитациската сила на ЕУ остава политички вакуум во регионот кој авторитарните сили како Русија и Кина можат лесно да го пополнат. Тие го користат демократското уназадување и широкораспространетата „заробеност“ на државите меѓу нефункционалните институции за да го зголемат своето економско и политичко влијание“

„Руското економско влијание забележа пад по санкциите на САД и ЕУ во 2014 година, но руските компании сè уште контролираат меѓу 5 и 10% од регионалната економија, вклучувајќи и стратешки компании како што се најголемите рафинерии, мрежи за дистрибуција на гориво, капацитети за пренос и складирање на гас, телекомуникациски компании и малопродажни ланци“

 

„Русија „зароби“ влади од регионот во скапи масивни проекти што мрежи на домашни и руски бизниси ги користат како извор на значително влијание врз носителите на одлуки и институциите“

„Кремљ го засили своето влијание и моќ во регионот употребувајќи ги сите тактички инструменти како што се поддржување на големите и малите политички партии, користење на медиумски, културни и верски врски, спонзорирање на активности на граѓанското општество и користење врски од поранешните безбедносни служби“

 

„Земјите од Југоисточна Европа, со помош на ЕУ, треба да имплементираат различни стратегии за да се спротивстават на „заробувањето“ на државите во стратешки економски сектори и да привлечат разновидни странски директни инвестиции“

„Органите за спречување на перење пари и заштита на конкуренцијата треба да работат на јасно утврдување на крајната стварна сопственост, спречувајќи влез на незаконски капитал во регионот, и да работат првенствено на ризиците од капиталот на авторитарните држави кои се во служба на политички цели, особено масивните инфраструктурни проекти“

Локалните политички елити на Балканот брзо го прифатија предложениот алтернативен авторитарен модел промовиран од Русија и Кина, засладен со масивни необјасниви инфраструктурни и енергетски проекти. Тоа ги поткопа локалните демократски институции и дополнително го намали влијанието на условените преговори на ЕУ за членство.

На пример, Србија не отстапува од своите стратешки врски со Русија[2] и Кина, иако ЕУ започна преговори за членство со земјата во 2014 година. Во обид да се неутрализира неуспешноста на процесот за проширување на ЕУ да ја повлече Србија и другите земји од Западен Балкан и да го анулира демократското уназадување, САД го зголемија својот ангажман на Балканот. Во 2019 година, тие назначија двајца специјални претставници[3] и инсистираа на проширување на НАТО.[4]

Влијанието на рускиот економски притисок врз Балканот е особено потценето од западните влади, поради што тие не го препознаваат вистинскиот степен на поврзаната остра моќ и на структурните ризици. Русија останува највлијателниот надворешен играч во својата способност да мобилизира домашни олигархиски мрежи за да добие стратешка предност или за да се обиде да го пренасочи правецот на надворешната политика на земјите во регионот.

Одлуката на ЕУ да го блокира процесот за пристап на Западниот Балкан може делумно да се поврзе со успехот на силното руско мешање во носењето одлуки на националните влади во регионот. Во изминатата деценија, Кремљ вршеше безмилосен притисок врз владите на Балканот преку цел асортиман на тактички инструменти за постигнување остра моќ [5].

Од економска зависност зацврстена со корупција и „заробување“ на државата, преку координирани политички и медиумски кампањи за дезинформирање, до операции на специјалните безбедносни служби. Русија има за цел да ja искористи ваквата геополитичка можност за повторно да разгори регионални поделби и да ја спречи ЕУ интеграцијата на регионот.

Кремљ на Балканот гледа како на важен сегмент од својата глобална стратегија да ги надмудри САД и ЕУ и да се позиционира како значаен политички авторитет. Оваа стратегија е видлива на Средниот Исток (Сирија и Турција), Централна Азија, Африка и сè повеќе во Јужна Америка.

Утре на novatv.mk ќе го прочитате продолжението на оваа анализа

анализа ЕУ Западен Балкан Кина Русија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.