Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почнува ли расплетот во шпанската криза

0
By Нова ТВ on October 9, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 9, 2017 09:36

Шпанците денеска се разбудија, соочувајќи се со недела која ќе биде исполнета со политичка неизвесност, со оглед на тоа дека регионалниот водач на Каталонија, Карлес Пучдемон, се очекува да прогласи независност од Шпанија во следните неколку дена.

Пучдемон, кој е избран регионален претседател на Каталонија и лидер на неговото сецесионистичко движење, вети дека ќе ја спроведе декларацијата за независност по референдумот на 1 октомври, за кој рече дека е гласен одговор на народот.

За Мадрид, гласањето е спроведено незаконски и резултатот е неважечки.

Каталонија ќе го примени законот за референдум, кој повикува на прогласување независност доколку референдумот покаже дека мнозинството гласачи се за отцепување, изјави синоќа каталонскиот претседател Карлес Пучдемон.

– Прогласувањето независност, кое ние не го нарекуваме „еднострано“, е предвидено со законот за референдм како примена на резултатот. Ќе го примениме она што го налага законот, истакна Пучдемон.

Според каталонскиот закон, парламентот на автономната област би требало да прогласи независност на Каталонија во рок од 48 часа откако каталонските власти официјално ќе прогласат победа на гласовите во корист на отцепување.

Каталонската влада соопшти дека повеќе од 90 отсто гласачи на референдумот на 1 октомври се изјасниле за отцепување од Шпанија, додека шпанските власти го прогласија референдумот за незаконски, а излезноста изнесувала само 43 проценти.

Спорот помеѓу Мадрид и Барселона ја втурна Шпанија во својата најсериозна политичка криза во последните четири децении по падот на диктатурата на Франко.

Шпанскиот премиер Маријано Рахој во саботата вети дека ќе ја искористи секоја можност во рамките на законот за да спречи какво било прогласување независност, вклучувајќи ја и клаузулата што никогаш порано не била користена во шпанскиот Устав – да ја суспендира автономијата на Каталонија.

-Можам да ви кажам со апсолутна искреност дека тоа нема да се случи. Евидентно е дека ќе донесеме секаква одлука што ни е дозволена со закон, со оглед на тоа како се одвиваат работите, изјави Рахој во интервју за весникот” Ел Паис”.

-Идеалното сценарио ќе биде да нема потреба од драстични решенија, но за тоа ќе треба да има исправки, вели Рахој.

Каталонскиот парламент ќе се состане во вторник

Шпанскиот Уставен суд минатата недела ја суспендираше седницата на парламентот на Каталонија закажана за денеска, по барање на Каталонската социјалистичка партија, која се противи на отцепување.

Членовите на партијата на Пучдемон (КУП) се заканија дека ќе се состанат во парламентот денеска, како знак на пркос.

Портпаролот на каталонскиот парламент изјави за Си-Ен-Ен дека новата седница била закажана за вторник напладне, на која Пучдемон се очекува да ги информира за “актуелната политичка ситуација”.

Но неговото обраќање може да биде и објава дека регионот ќе се отцепи.

Но, што и да се случи оваа недела, јасно е дека има длабоки поделби околу ова прашање, не само помеѓу Мадрид и Барселона, туку и во рамките на самата Каталонија.

Вчера демонстрантите маршираа во Барселона за поддршка на останување во рамките на Шпанија, тврдејќи дека нема причина зошто не би можеле да бидат и Каталонци и Шпанци.

Но, исто така демонстранти маршираа во корист на независноста од референдумот на 1 октомври, тврдејќи дека Каталонија има посебна култура од Шпанија и дека тие повеќе придонесуваат за економијата отколку другите региони.

За експертите, оваа слика за поддршка на единството значи дека декларацијата за независност можеби не е добро прифатена.

Нема враќање назад

Каталонија е најбогат и најпродуктивен регион во земјата, квалитети кои на каталонскиот народ веќе му дадоа моќ да преговара за широки овластувања и статус на автономија во рамките на Шпанија.

Поделбите особено добија брутална форма на денот на гласањето, кога шпанската полиција испрати во Каталонија илјадници полициајци кои се судрија со демонстрантите и гласачите, во обид да го запрат рефендумот.

Сликите, како полицијата пука со гумени куршуми, ги попречува постарите лица и ги извлекуваат гласачите од гласачките места за коса, ги шокираа луѓето ширум светот. Стотици беа повредени.

И покрај гневот, Рахој, па дури и шпанскиот крал Фелипе VI, ја бранеше полицијата и вети дека ќе преземе какви било мерки неопходни за да ја спречи Каталонија од отцепување.

Рахој беше принуден да се извини во петокот, но многумина во Каталонија велат дека токму ваквата бриталност само ја поттикнаа нивната желба за независност.

Кои се проблемите?

Постојат големи импликации и за Шпанија и за Европа, ако Каталонија прогласи независност.

Каталонија учествува со речиси една петтина од економијата во Шпанија, и пред сите региони има најголем удел од 25% од извозот на земјата.

Тоа придонесува многу повеќе во даноците (21% од вкупниот износ во земјата).

И во Мадрид, ова прашање е многу повеќе отколку губење на богатството. Земјата има 17 региони со различен степен на автономија, а губењето на еден од нив, може да ги инспирира другите да го започнат истото или да заживеат сепаратистички движења.

Но, има многу други неодговорени прашања, вклучително и континуирано членство во Европската унија.

Ако Каталонија беше принудена самостојно да аплицира за членство во ЕУ, ќе мора да ги убеди сите сегашни членки на блокот да се согласат, вклучувајќи ја и Шпанија.

Поделбата од Шпанија, исто така, најверојатно ќе значи намалување на средствата што Шпанија може да ги плати во ЕУ.

И ако Каталонија стане независна држава, таа автоматски нема да биде членка на Светската трговска организација, па најверојатно ќе се соочи со жестоки трговски бариери што ќе и наштетат на нејзината економија.

демонстрации Каталонија независност парламент Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.