Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Политичкиот затвореник, новинарот Игор Карнеи осуден на дополнителни 8 месеци затвор од режимот во Белорусија

0
By Marija Todorovska on December 13, 2024 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ИНТЕРВЈУ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, КОЛУМНА, НАСЛОВНА, РЕГИОН, РЕПУБЛИКА, СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 13, 2024 13:21

Поранешниот белоруски новинар на Радио Либерти, Игор Карнеи, кој претходно беше осуден на 3 години во казнена колонија, е осуден на нови, дополнителни 8 месеци затвор од режимот на белорускиот диктатор Александр Лукашенко.

Како што пренесува Радио Свобода, новото судење на новинарот Игор Карнеи, кој веќе отслужува казна во локалната казнена колонија, започна на 11 декември во Шклов.

Карнеи беше обвинет по член 411 од Кривичниот законик („Злонамерна непослушност кон барањата на управата на воспитно-поправен дом“). Новинарот е осуден на 8 месеци затвор покрај претходната казна. На Карнеи му судеше Александар Тараканов.

Во 2023 година, Карнеи беше осуден на 3 години затвор според Дел 3 од член 361-1 од Кривичниот законик („Учество во екстремистичка формација“).

РСЕ/Радио Свобода е забранета во Белорусија и е означена како екстремистичка организација, а работењето во оваа медиумска куќа финансирана од САД и ширењето на нејзината содржина се третира како кривично дело, за кое се казнува затворска казна до седум години. Новинарот работел за нивните белоруски и руски иданија од почетокот на 2000-тите, но не бил потпишан во последните години.

Игор Карнеи беше испратен на издржување на казната во казнената колонија бр. 17 во Шклов. Познато е дека таму е осуден на казнена изолација (ШИЗА), а од летото 2024 година е сместен во објект од типот ќелија (ПКТ), каде што се изолирани затвореници кои наводно не тргнале на патот на поправката.

Поранешниот новинар на Свабода на 1 јануари ќе наполни 57 години. Тој пишуваше многу за историјата и локалната историја на Белорусија, а познат е и како блогер за патувања.

Имајќи ја предвид новата казна, Игор Карнеи ќе биде ослободен дури во октомври 2026 година, за една година и 10 месеци. Малку се знае за условите на притвор и здравјето на новинарот.

“Изгледа дека е сам во ќелијата. Од време на време доаѓаат писма од него. Неговата состојба е нормална, не се жали. Ќе видиме што ќе каже судот”, изјавил информиран извор за Игор Корнеи.

Не е познато за какви прекршоци е обвинет Игор Карнеи за наводна „непослушност“.

Активистите за човекови права го признаа Игор Карнеи како политички затвореник. Неговите поранешни колеги и пријатели од Белоруското здружение на новинари (БАЈ) постојано бараа прекин на прогонот и ослободување на новинарот.

За репресиите кои врз слободата на говорот и независните новинари секојдневно ги врши режимот на белорускиот диктатор Александр Лукашенко, зборуваше вчера белоруската новинарка во егзил, Ксенија Халубович во своето излагање на панелот „Подемот на крајно десничарскиот национализам“ како дел од меѓународната конференција „Одбрана на демократијата и човековите права“ во Скопје, во кое, во емотивно обраѓање се осврна на состојбата во Белорусија, каде има притворени новинари, тоа е сива зона во Европа каде режимот на Лукашенко со голема помош од режимот на Путин, им оневозможува на лугјето слободна да се изразуваат, затварени се само за еден коментар на фејсбук, 1,5 милион луѓе ја напуштија земјата, а илјадници не можат да се вратат. Таа нагласи дека повеќето новинари избегаа и работат во егзил, и само тие може да го пренесат гласот на своите луѓе кои живета во сивата зона.

Драган Мишев / ЦивилМедиа 

егзил Игор Корнеи новинар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.