Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Преговорите во сериозна фаза: Димитров и Коѕијас на маса со Нимиц

0
By Нова ТВ on February 13, 2018 ПОЛИТИКА
Архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас денеска во Виена ќе ги продолжат преговорите за решавање на спорот со името меѓу Македонија и Грција, под посредништво на медијаторот Метју Нимиц.

Вчера, истовремено двете Министерствата за надворешни работи соопштија дека Димитров и Коѕијас ќе се состанат во Виена, а дека денеска ќе имаат заеднички состанок со Нимиц на кој е предвидено да се интензивираат преговорите и ќе го разгледаат предлогот на медијаторот.

Новата рунда преговори уште минатата недела ја најави премиерот Зоран Заев.

Денешната и вчерашната средба од која засега нема официјални информации, се оценуваат како почеток на сериозните преговори меѓу Македонија и Грција со посредство на ОН. Од македонската Влада велат дека досега се воделе разговори, размена на информации, а овие средби на ниво на министри за надворешни работи значат всушност почеток на преговорите и еден вид на фотофиниш. Очекувањата се дека овие преговори ќе траат и во текот на март. Според претходните договори, вчера и денес најверојатно се разговара за нацрт-договорот предложен од грчка страна.

Преговорите со Грција влегуваат во фото финиш

Претседателот на Владата на РМ Заев, кој минатиот месец во Давос имаше директна средба со својот грчки колега Алексис Ципрас, на која ги изнесоа позициите на двете страни во преговорите за името и се договорија за одредени отстапки со цел да му се даде поттик на процесот, минатата недела посочи дека Македонија прави се за да докаже дека нема никакви иредентистички побуди.

Меѓу другото, двајцата премиери тогаш најавија и дека преговорите ќе се покреваат на повисоко ниво, односно на ниво на министри за надворешни работи.

Заев ја изрази и подготвеноста на македонската страна да се прифати географска одредница, но напомена дека не гледа потреба за промена на Уставот на земјава.

Сложено име и за надворешна и за внатрешна употреба, за кое треба уставна промена и повлекување на секакви сомнежи за иредентистички ставови, е рамката што го гарантира затворањето на проблемот, најави вчера Ципрас на состанокот на пратеничката група на СИРИЗА.

Преговорите меѓу Македонија и Грција беа обновени на 12 декември минатата година во Брисел, кога со медиајторот Нимиц се сретнаа преговарачите Васко Наумовски и Адамантиос Василакис. На последната рунда разговори за името што се одржа на 17 јануари во Њујорк медијаторот Нимиц излезе со сет сугестии и предлози и оцени дека на повидок е решение на долгогодишниот спор меѓу Грција и Македонија.

„То вима“: Што содржи пакетот идеи на Нимиц за решение на спорот

Медијаторот кон крајот на минатиот месец ги посети Атина, а потоа и Скопје, каде имаше одвоени средби со грчкиот и македонскиот државно-политички врв.

Виена Димитров Коѕијас Нимиц преговори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.