Реал Мадрид го сочува првото место на табелата во шпанска Примера. „Кралскиот“ клуб, како гостин, го совлада Легањес со 4:2. Хет-трик постигна Алваро Мората кој ја тресеше противничката мрежа во 18., во 23. и во 48 минута. Првиот гол за составот од „Бернабеу“ беше дело на Џејмс Родригез во 15 минута. Габриел во 32 минута и Лучијано во 34 минута погодија за домашната екипа.

Мадриѓани се лидери со 71 бод пред Барселона која има два помалку, но и натпревар повеќе.

Каталонците, пак, демонстрираа сила на „Камп Ноу“ против Севилја и славеа со 3:0. Тимот на Луис Енрике одигра фуриозно прво полувреме во кое, во период од осум минути, постигна три гола. Првиот беше ремек дело на Луис Суарез кој погоди преку себе по асистенцијата од Меси во 25 минута. Три минути подоцна Уругваецот возврати со додавање за аргентинскиот репрезентативец за 2:0 за Барса. Конечниот резултат беше дело на Меси кој отпадок топка смести во мрежата на ривалот од Андалузија.

Примера, 30 коло

Резултати

Легањец – Реал Мадрид 2:4

Барселона – Севилја 3:0

Алавес – Осасуна 0:1

Спортинг Хихон – Малага 0:1

Депортиво ла Коруња – Гранада 0:0

Бетис – Вилјареал 0:1

Атлетико Мадрид – Реал Сосиедад 1:0

Атлетик Билбао – Еспањол 2:0

Еибар – Лас Палмас (четврток, 19.30 ч.)

Валенсија – Селта (четврток, 21.30 ч.)

Табела: Реал Мадрид 71 (-1), Барселона 69, Атлетико Мадрид 61, Севилја 58, Вилјареал 51, Атлетик Билбао 50, Реал Сосиедад 49, Еибар 44 (-1), Еспањол 43, Селта 41 (-2), Алавес 40, Лас Палмас 35 (-1), Валенсија 33 (-1), Бетис 31, Малага 30, Депорти ла Коруња 28, Легањес 27, Спортинг Хихон 22, Гранада 20, Осасуна 14.