Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прислушувањето траело и по апсењето на „пучистите“

0
By Нова ТВ on November 18, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 18, 2016 18:33

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска треба да одговори на прашањето кој прислушувал, откако вработените во Управата за безбедност и контраразузнавање беа уапсени.

И што се случи со странските служби кои според Груевски прислушувале во државата? Ова прашање се отвора по денешната прес-конференција на Специјалното јавно обвинителство на која открија дека голема група граѓани биле прислушувани и до март 2015 година, што е речиси три месеци по апсењето на обвинетите во случајот Пуч. Како што соопшти обвинителката Фатиме Фетаи, постои основано сомнение дека се прислушувало и во 2016 година.

Екс-премиерот уште во февруари минатата година, образложувајќи го случајот „Пуч“, рече дека соработниците на првообвинетиот Зоран Верушевски се уапсени и ја признале вината.

„Според сведочењето и признанието пред истражните органи во правосудната постапка на двајцата од притворените, лицето З.В. врбувало две лица кои му помогнале во снимањето на материјалите, за што добиле паричен надомест. Двете лица го признаа делото пред истражните органи, од кои едното е веќе осудено. Лицето Ѓ.В., кое, патем, во времето кога З.В. извршувал висока функција, бил негов прв соработник, откако се соочил со доказите на МВР и на обвинителството, го признал делото, признавајќи дека како познаник и соработник на З.В., на негово барање го врбувал З.К., вработен во УБК, кој е најискусниот инженер во МВР и во УБК и кој работел на опремата за следење комуникации што се користи само во законска постапка. Снимањето, според нивните искази, почнало во 2010 година“, изјави Груевски на 25 февруари 2015 година.

Ако се ова лицата што прислушувале, тогаш која ја продолжил нивната работа откако тие биле во затвор?

СЈО денеска презентирајќи ги доказите и наодите за случајот под кодно име „Таргет“ рекоа дека од доказите што ги поседуваат произлегува дека прислушуваните разговори доаѓаат од УБК и од системот кој бил злоупотребен за лични цели. Во овој случај осомничени се 10 лица, од кои три на раководни позиции.

„Постои основано сомнение дека во периодот од 2008 до 2015 година, незаконското прислушување во Македонија е правено во Управата за безбедност и контраразузнавање. Од прибавениот материјал произлегува основано сомнение дека незаконското прислушување продолжило и откако беше обелоденета аферата со прислушувањето. На 31.12.2015 незаконски биле прислушувани вкупно 138 телефонски броеви. А доказите кои ги поседуваме покажуваат дека злоупотребата продолжила и во 2016 година. И покрај потешкотиите со кои се соочивме, приберени се не само вербални, туку и материјални докази кои се во поткрепа на основните сомненија“, рече обвинителката Фатиме Фетаи.

По прес-конференцијата на СЈО се отвора и прашањето, ако виновниците се уапсени, тогаш кој ги бришел податоците од системите за прислушување?

„На почетокот на 2016 година преземени се и дејствија на архивирање на податоците кои се наоѓаа на уредите и баравме помош од надворешен експерт. Тоа значи дека тие податоци се отстранети од серверите во моментот кога од наша страна беше започната постапка за незаконското следење на комуникациите“, рече Фетаи.

Што се случи со странските служби?

Жолти комбиња, странски служби и тактичка опрема…ова беше второто објаснување на Груевски за прислушувањето, кажано на истата прес конференција на која го образложуваше случајот Пуч.

„Откако Зоран Заев почна да ги упатува заканите кон мене, МВР покани врвни експерти за оваа проблематика од позната странска компанија, која со своја опрема изврши проверки и утврди дека повремено на различни локации, главно во центарот на Скопје, непознат сторител врши нелегално прислушување и снимање на телефонски разговори, користејќи мобилна опрема чија локација постојано се менува, а функционира по принцип на клонирање на т.н. базни станици. Се правела промена на положбата, а во радиус од околу два километри од институциите, главно во центар, од каде се лоцирале телефоните на државниот врв и носителите на јавни функции. И таа опрема ја вклучувале во одреден период од денот, најчесто од 12 до 18 часот во текот на денот“, објаснуваше Груевски.

На ова денеска од СЈО, одговарајќи на новинарски прашања рекоа дека „Специјалното јавно обвинителство нема докази дека странски служби вршеле незаконско следење на комуникации, туку прислушувањето го вршеле осомничените од УБК.

НОВА денеска се обиде да добие одговор од ВМРО-ДПМНЕ на овие прашања, но директорот на Центарот за комуникации не ни одговори на телефонските повици.

Никола Груевски обвинети прислушување пуч разговори СЈО уапсени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.