Освен во Скопје, Шарената револуција денес се одвива и во неколку други градови.

Денес по прв пат се протестира и во Делчево. Како и претходните денови, протестираат и жителите на Штип, Велес, Прилеп, Тетово, Битола, Струмица, Радовиш и во Гевгелија.
Крива Паланка и Облешево денес се приклучија на Шарената револуција со блокади на патиштата.
