Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ПСЖ избегна гилотина, Кејн херој на Тотенхем, Икарди спасител на Интер

0
By Нова ТВ on November 7, 2018 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 7, 2018 02:13

ПСЖ се провлече неказнет во Неапол и „безбедно“ го напушти „Сан Паоло“, Тотенхем „оживеа“ за осминафинале, Мауро Икарди се погрижи за Интер да остане непоразен на домашен терен. Ова се белези на мечевите од четвртата рунда во А-Г групниот сегмент во фудбалската Лига на шампиони по кои нештата во некои конкуренции се разјаснија додека во некои се замрсија пред двете завршни кола.

Атлетико Мадрид може да се пофали дека е првиот тим што успеа да ја надигра Борусија Дортмунд во оваа сезона. Составот на Диего Симеоне ги совлада „милионерите“ со 2:0 и бодовно се израмни со нив на табелата во А групата за, речиси, европска пролет во еминентното УЕФА натпреварување. Саул во 33. минута и Антоан Гризман во 80. минута погодија за „јорганџиите“ за слатка одмазда за убедливиот пораз пред две недели на „Вестфален“. Бриж во вториот меч во групата го декласира Монако на „Луј Втори“ со 4:0 со два гола на Ванакен во 12. минута и во 17. минута од пенал, по еднаш во листата на стрелци за запишаа Весли во 24. минута и Вормер во 85. минута.

Се што беше вредно за одбележување на „Џузепе Меаца“ се случи во финишот. Интер и Барселона поделија по бод во меѓусебниот судир (1:1), откако Малколм погоди за Каталонците во 83. минута, а израмни Мауро Икарди во 87. минута. Тимот на Ернесто Валверде во Милано ја немаше поддршката од Лионел Меси кој, сепак, не настапи поради скршеницата на раката иако беше дел од експедицијата. Тотенхем, пак, го слави Хари Кејн со чиј двострел „спарси“ направија пресврт против ПСВ Ајндховен на „Вембли“ и ги оживеаја надежите за нокаут фазата во ЛШ. Напаѓачот на премиерлигашот и на англиската репрезентација реализира во 78. минута и во 89. минута како одговор на голот на Де Јонг од втората минута на средбата.

Наполи пропушти неколку прилики за голем триумф над ПСЖ и на крајот мораше да се задоволи со бод во дуелот со скапиот тим од „Паркот на принцевите“. Бернат „стрелаше“ во продолжението на првиот дел за водсто на францускиот претставник што го анулира Лоренцо Инсиње од белата точка во 63. минута. Иако наполитанците имаа време за втор гол и неколку одлични шанси, сепак, Џанлуиџи Буфон не дозволи да биде совладан до крајот. Црвена звезда во Белград успеа да приреди сензација со победата над актуелниот европски вицепрвак со 2:0 со двата гола на Милан Павков во 22. минута и во 29. минута.

Двата меча во групата Д донесоа победи на домашните екипи. Порто на „Драгао“ триумфира над Локомотив Москва со 4:1 додека Шалке во Гелзенкирхен беше подобар од Галатасарај со 2:0.

Лига на шампиони, 4 коло

Група А

Монако – Бриж 0:4,  Атлетико Мадрид – Борусија Дортмунд 2:0
Табела: Борусија Дортмунд 9, Атлетико Мадрид 9, Бриж 4, Монако 1.

Група Б

Интер – Барселона 1:1, Тотенхем – ПСВ Ајндховен 2:1
Табела: Барселона 10, Интер 7, Тотенхем 4, ПСВ Ајндховен 1.

Група Ц

Црвена звезда – Ливерпул 2:0, Наполи – ПСЖ 1:1
Табела: Ливерпул 6, Наполи 6, ПСЖ 5, Црвена звезда 4.

Група Д

Шалке – Галатасарај 2:0, Порто – Локомотив Москва 4:1
Табела: Порто 10, Шалке 8, Галатасарај 4, Локомотив Москва 0.

Интер Лига на шампиони ПСЖ Тотенхем фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.