Министерството за одбрана на Велика Британија ги објави најновите разузнавачки информации, кои денес се фокусираат на фактот дека Русија наводно отпуштила неколку високи воени команданти поради лошите резултати во украинската војна.

Министерството за одбрана на Велика Британија го обвинува и Кремљ дека водел воена и безбедносна операција полна со „прикривања“.

Ова е мала, но сеопфатна листа на оние за кои се верува дека биле отпуштени од Владимир Путин, објави BBC:

Според разузнувачите информации, генерал-полковник Серхи Кисел бил суспендиран поради „неуспехот да го заземе Харков“, а тој командувал со елитната прва гардиска тенковска армија.

Вицеадмиралот Игор Осипов е „веројатно“ суспендиран по потонувањето на рускиот воен брод „Москва“ во Црното Море во април, а тој комнадувал со руската Црноморска флота.

Началникот на Генералштабот на РусијаВалери Герасимов, кој според Министерството за одбрана на Велика Британија можеби се уште е на таа позиција, но нејасно е дали ја има довербата на рускиот претседател.