Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ракомет, ЛШ: Вардар со триумф во 100. меч, се радува и ППД Загреб

0
By Нова ТВ on March 12, 2017 СПОРТ
Фото: rkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, March 12, 2017 21:23

Вардар го совлада Кристијанштад со 32:29 во последниот настап во групната фаза во Лигата на шампиони за потврда на првото место во Б конкуренцијата што носи прескокнување на осминафиналето и директен пласман во четврт-финале. Иако беа растоварени од императиви, „црвено-црните“, сепак, одиграа за себе, за навивачите и со желба за победа да се вклопат во одбележување на јубилејниот 100 меч во елитното натпреварување.

И успеаја во сето тоа на задоволство на целокупната спортска јавност во Македонија, но и во Хрватска чиј претставник, ППД Загреб посакуваше „единица“ во Скопје за продолжување во осминафинале и ја дочека.

Со празни раце остана шведската екипа која допатува со намера да приреди изненадување во СЦ „Јане Сандански“ за место во топ 16 што ќе беше достижно и со реми поради подобриот меѓусебен биланс во дуелите со Загреб и Целје. Но, вардарци не дозволија да бидат поразени на крајот, пред своја публика и во меч во кој важеа за апсолутни фаворити.

Гостинскиот ракометар Соренсен беше најефикасен во натпреварот со седум гола, шест постигна Моен Нилсен колку и Вуко Борозан, прв стрелец во вардаровата екипа која стигна до 41 триумф во Лигата на шампиони.

Вардар – Кристијанштад 32:29 (17:13)

СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Гледачи: 4.000. Судии: Михал Бадура и Јарослав Ондогрецула од Словачка.

Вардар: Штербик (19 одбрани), Милиќ, Стоилов 3, Недановски 1, Фереира Мораеш 2, Македа 4, Карачиќ 3, Душебаев 1, Абутовиќ, Кањелјас 2, Циндриќ 2, Чупиќ 4, Дибиров 1, Шишкарев 3, Борозан 6, Марсениќ. Тренер: Раул Гонзалез.

Седмерци: 5/7. Исклучувања: 2 минути. Технички грешки: 10

Кристијанштад: Л. Ларсон, Симиќ, Липовац, Арнарсон 2, Хенингсон 4, Соренсен 7, Моен Нилсен 6, Лагергрен 1, Ј. Ларсон, Гудмундсон 1, Хален 1, Толбринг 4, Јонсон 3, Ханиш, Ериксен. Тренер: Ола Линдгрен.

Седмерци: 4/5. Исклучувања: 6 минути. Технички грешки: 8.

Лига на шампиони

Група А

Резултати, 14 коло

ПСЖ – Кил 42:24

Силкеборг – Шафхаузен 37:32

Барселона – Висла Плоцк 36:28

Веспрем – Фленсбург 34:28

Табела: Барселона 25, ПСЖ 24, Веспрем 18, Фленсбург 15, Кил 12, Силкеборг 8, Висла Плоцк 8, Шафхаузен 2.

Група Б

Резултати, 14 коло

Вардар – Кристијанштад 32:29

Кјелце – Мешков Брест 35:27

ППД Загреб – Целје 23:21

Рајн Некар Левен – ПИК Сегед 24:30

Табела: Вардар 20, Кјелце 18, ПИК Сегед 17, Рајн Некар Левен 17, Мепков Брест 14, ППД Загреб 9, Целје 9, Кристијанштад 8.

Вардар Кристијанштад Лига на шампиони ракомет Четврт-финале
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026
ФОКУС
April 29, 2026

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

ВЕСТИ April 29, 2026

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, разговарале по телефон, соопшти…

Цените на нафтата нагло пораснаа по објавувањето на планот на Трамп за Ормускиот теснец

April 29, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

April 28, 2026

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

April 27, 2026
ТИКЕР

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.