Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ракометна ЛШ: ЖРК Вардар и Ѓер во реприза на ланското финале

0
By Нова ТВ on May 12, 2018 СПОРТ
Фото: zrkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 12, 2018 20:06

Ракометарките на ЖРК Вардар ќе играат во второ финале во низа во Лигата на шампиони. Актуелниот европски вицепрвак ја оправда фаворитската улога во дуелот со Ростов и со конечни 25:19 (полувреме 10:7) закажа пресметка со Ѓер што ќе биде реприза на ланскиот меч за титулата и одлична прилика за одмазда за минималниот пораз по продолженија.

„Црвено-црните“ беа доминантни во „Ласло Пап арена“ во судирот до рускиот дебитант од Дон, силно тргнаа и држеа константа во текот на сите 60 минути. Ростов налета на ѕид уште од воведот на средбата. Поведе од пенал во првата минута и на вториот гол (прв од игра) чекаше до деветтата. Во меѓувреме вардарки нанижаа шест гола, резултатски се одлепија и до крајот не дозволија да бидат изместени од победничкиот курс.

Фото: zrkvardar.mk

Андреа Пенезиќ и Андреа Лекиќ постигнаа по седум гола, Јованка Радичевиќ додаде четири, Барбара Лазович заврши со три погодоци, противничката мрежа по еднаш ја тресеа Андреа Чанаџија и Сара Ристовска. Одлична на голот на ЖРК Вардар беше Амандин Лејно. Перформансот на репрезентативката на Франција беше фрустрирачки за Ростов. Финишира со 18 интервенции и може да се прогласи за најзаслужна за пласманот во ново шампионско финале иако импонираше и комплетната игра во одбрана на тимот на Ирина Дибирова кој капитулира само 19 пати.

Ѓер во првото полуфинале триумфира над ЧСМ Букурешт со 26:20.

Финалето меѓу ЖРК Вардар и Ѓер е утре попладне (18 ч.), ЧСМ Букурешт и Ростов од 15.15 часот ќе разигруваат за бронзениот медал.

ЖРК Вардар Лига на шампиони Полуфинале ракомет Ростов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.