Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рама: На сите лица во шаторите, ќе им биде понудено сместување во хотел

0
By Нова ТВ on November 29, 2019 СВЕТ
Фото: abc.net.au
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Албанскиот премиер Еди Рама на вонредна владина седница најави отпочнување со работа на стручните тимови за проценка на штетите од земјотресот денеска и дека досега се донирани пет милиони евра и над еден милион американски долари. Шаторите што се поставени во Туман и Лач ќе бидат отстранети и како што порача тој, семејствата ќе бидат сместени во хотели. Дел, пак, од жителите на околните села, сепак, сакаат да останат во шатори за, како што рече Рама, да може да се грижат за нивните земјоделски стопанства.

Рама потврди дека досега загинале 49 лица, вклучително и деца, од кои 25 во Драч, 23 во Туман и едно лице во Курбин. Потрагата по преживеани вчера беше прекината во Тумана, а потоа и во Драч.

„Во областа Драч се сместени 1.260 лица, од кои 625 во хотели и 360 во училишни спортски сали. Останатите се наоѓаат во шатори или кај роднини. Во Туман, околу 500 луѓе се сместени во шатори и тие денеска ќе бидат преместени во хотели“, најавио Рама.

Според него, 3.480 луѓе се без дом во округот Тирана во кој 15 згради се целосно уништени, 239 се оштетени и осум се надвор од употреба. Во Драч се регистрирани 701 оштетен објект, од кои 12 се целосно уништени, а 176 се оштетени.

Рама повтори дека секој кој има некаков канал за комуникација и истиот го употребувал за ширење на лажни вести или паника меѓу народот ќе биде затворен. Владата прогласи вонредна состојба и во градот Лач кој, исто така, беше тешко погоден во силниот земјотрес од 26 ноември.

Албанија Еди Рама земјотрес хотели шатори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.