Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реакции за усвојувањето на извештајот за Македонија во Брисел

0
By Marija Todorovska on June 24, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 24, 2025 14:47

Извештајот за напредокот на Република Северна Македонија, подготвен од известувачот Томас Вајц, беше изгласан денес, од страна на Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент.

Извештајот сега треба да биде одобрен на пленарно заседание на Европскиот парламент, а следното пленарно заседание на ЕП е закажано за од 7 до 10 јули во Стразбур.

„Добро што се усвои извештајот. За жал од друга страна тоа е тотален дебакл и пораз на нашата дипломатија. Меѓутоа и уште нешто многу посериозно, а тоа е дека е ова една борба којашто нашата влада на СДСМ ја доби пред повеќе години. Македонскиот јазик е потврден. Не само што е потврден македонскиот јазик и идентитет, туку нашето собрание во јули 2022 година има донесено заклучоци со коишто тогашната а и секоја следна влада ги обврзува дека за јазичните културните и идентитетски одредници ниту една влада не смее да преговара ниту пак да се преговара за македонскиот јазик така како што е веќе прифатен во преговарачката рамка во рамките на  францускиот предлог, а е потврден од сите земји членки на Европската Унија и впрочем е потпишан договорот со Фронтекс на чист македонски јазик без никакви забелешки без никакви фузно ноти. За жал сметам дека е ова една борба којашто и премиерот и ВМРО-ДПМНЕ сакаат да ја прикажат како своја борба за македонски јазик меѓутоа таа борба е завршена. Дополнително сметам дека со ова сериозно ги загрозуваат нашите позиции поради тоа што тие не можат и не смеат согласно заклучоците на нашето собрание во 2022 година ова да го прават за македонскиот јазик идентитет и култура никој нема право да преговара во или со Европската Унија. Дополнително тоа што таа дебата и тоа што тие амандмани кои што денеска на Комитетот не се поминати но според најавите ќе бидат поднесени на пленарната седница на почетокот на јули доаѓаат од сестриниските партии на ВМРО-ДПМНЕ. Така да тоа еден сериозен пораз за нашата дипломатија и за владата“, реагираше Венко Филипче денеска во изјава за тв24.

СДСМ преку соопштение испрати оценка дека денешното однесување на Европската народна партија (ЕПП), сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ, е директен историски дипломатски пораз за Христијан Мицкоски и неговата партија.

Предлог-амандманот за воведување на формулацијата „модерен македонски јазик“ не само што доаѓа од редовите на ЕПП, туку е поднесен токму од нејзиниот координатор Михаил Галер – член на германската ЦДУ, партија која ВМРО-ДПМНЕ со години ја нарекува свој стратешки и идеолошк партнер, велат од партијата.

Според СДСМ овој амандман претставува сериозен удар врз позициите на Република Северна Македонија, но и суштинско понижување за ВМРО-ДПМНЕ, која според  опозициската СДСМ се претставува како „бранител“ на македонскиот јазик. Наместо поддршка, се вели во соопштението на партијата, од своите европски пријатели добија „дипломатска шлаканица“ што го доведува во прашање влијанието на ВМРО-ДПМНЕ во својата матична групација.

Дополнително загрижува што ЕПП најави дека ќе го поднесе истиот амандман и на пленарната седница – што значи дека ова не е изолиран инцидент, туку координиран став во кој ВМРО-ДПМНЕ или учествува или молчи. Во исто време, извештајот на Европскиот парламент содржи клучни пораки што ја разоткриваат вистинската слика за неработењето на новата власт во однос на ЕУ интеграциите, односно има јасен овик за итен напредок во уставните измени и реформите поврзани со ЕУ и загриженост за назадување во борбата против корупцијата и за судската независност, велат од СДСМ.

СДСМ  апелира до власта да прекине со политички манипулации дома и да престане со надворешна политика водена од дневно-партиски калкулации. Тие нагласуваат дека „дипломатијата не е театар за домашна употреба, а цената на ваквите авантури ја плаќа целата држава“.

Ова не е само пораз за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, ова е нов аларм дека европскиот пат е сериозно загрозен со оваа власт, се вели во соопштението на партијата.

На ова соопштение реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.

СДС повторно фатени во лага! Овој пат, лажат дека членовите на нашите сестрински партии од ЕПП денес гласаа против, бидејќи јасно се гледа на фотографијата подоле, дека освен Бугарите – другите гласаа ЗА.

Бугарите, добија поддршка од социјалдемократите, благодарение на СДС и нивните заложби, да гласаат против Македонија.

Наместо да ја поддржат борбата на ВМРО-ДПМНЕ за достоинствено претставување на државата во Европа, СДС се сити и сака да ја гледа Македонија во неуспех.

Зошто СДС работи против Македонија? Зошто СДС сака да го уништи достоинството на Македонија? Зошто СДС 30 години наназад работи спротивно на интересите на граѓаните?

Да појасниме, Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) на 24 јуни 2025 година го усвои Извештајот за напредокот на Македонија, подготвен од известителот Томас Вајц. Во документот, како резултат на континуираната посветеност и принципиелниот пристап, со широко мнозинство се потврдуваат македонскиот јазик, македонскиот идентитет и европската перспектива на државата.

Во изминатите три децении, доколку како општество и политички чинители дејствувавме со јасни цели, многу од предизвиците ќе беа поинакви – но барем немаше да бидат поврзани со оспорување на нашето постоење.

Ние сме Македонци. Со свој јазик, историја и чувство за припадност.

Оваа постапка од страна на Европскиот парламент не е крајна цел, туку охрабрување да продолжиме по патот на реформите, владеењето на правото и институционалната стабилност.

Сè тоа – со крената глава и со чувство на одговорност, реагираат од ВМРО ДПМНЕ.

Венко Филипче ВМРО ДПМНЕ ЕПП Извештај реакции СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 27, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

ВЕСТИ May 27, 2026

Украинскиот претседател Володимир Зеленски испратил итно писмо до американскиот претседател Доналд Трамп, предупредувајќи го на…

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026

Собранието усвои ново државно задолжување од 260.000.000 евра

May 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран – Техеран се заканува со построг одговор

May 26, 2026
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.