Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реакција од Комисијата за спречување на дискриминација за измените на Законот за основно образование

0
By Marija Todorovska on December 5, 2024 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ИНТЕРВЈУ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, КОЛУМНА, НАСЛОВНА, РЕГИОН, РЕПУБЛИКА, СПОРТ
Фото: rtl.hr
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 5, 2024 12:41

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација изразува незадоволство од Предлог-законот за измени и дополнување на Законот за основно образование и вели дека со него не се исполнуваат целите за недискриминација.

Првична цел за изменување на Законот беше, да се внесат одредби со кои ќе се оневозможи и превенира сегрегацијата на децата Роми во образованието, односно да се спроведе пресудата на Европскиот суд за човекови права „Елмазова и други против Република Северна Македонија“. Сегрегацијата на децата Роми во образованието е сериозен и комплексен проблем кој претставува форма на системска расна и етничка дискриминација и за негово решавање се потребни системски промени во законската рамка, политиките на национално и локално ниво во областа на образованието, домувањето и социјалната заштита, но и сериозни инвестиции во спроведување на соодветни мерки, со цел, овозможување на инклузивно образование на сите деца, се вели во денешната реакција од Комисијата.

Оттаму велат дека имаат донесено повеќе мислења и постојано апелираат за системски измени, со цел, решавање на овој проблем.

Оттука, сметаме дека измените на Законот за основно образование во овој дел се недоволни и нема да придонесат значајно кон искоренување и превенирање на овој проблем. Комисијата спроведе повеќе активности и упати мислења и барања до Министерството за образование и наука во однос на законскиот текст кои не се пресретнати. Одбивањето да се именува проблемот со своето име „сегрегација“ на симболичен начин зборува за недостатокот на соодветни и целисходни решенија за надминување на проблемот. Министерството повторно предвидува исклучоци од правилото за запишување на деца во најблиското училиште, со што се овозможува опстојување и продлабочување на сегрегацијата, велат од Комисијата.

Нагласуваат дека уште повеќе загрижува фактот што Министерството го користи законот за да направи измени на штета на инклузијата на децата со попреченост во образованието, на штета на родовата еднаквост и на штета на заштитата од насилство и дискриминација на младите со поинаква сексуална ориентација и родов идентитет.

Спротивно на Конвенцијата за правата на детето, Министерството го определува родителот како страна која треба да го има последниот одговор во однос на најдобриот интерес на детето. Оттука, најдобриот интерес на детето станува интерес на родителот. Согласно Конвенцијата, родителот учествува во определување на најдобриот интерес на детето, но потребно е да учествуваат и стручни лица од областа на образованието, социјалната и здравствената заштита. Преку оваа и други измени, Министерството го враќа назад процесот на инклузија наместо да донесе решителни одредби и да направи сериозни инвестиции во обезбедувањето на услови за инклузивно образование, нагласуваат од КСЗД.

Нагласуваат и дека со измените се бришат термините родова еднаквост и сексуална ориентација, родот и родовиот идентитет како дискриминаторски основи. Ова, велат, е спротивно на Законот за спречување и заштита од дискриминација кој предвидува усогласувања на законодавството.

-Комисијата досега има постапувано во неколку случаи на дискриминација и врсничко насилство кон деца со различни заштитени карактеристики во образованието како деца со попреченост, посебни образовани потреби и ЛГБТИ. Сметаме дека образованието е клучна област во која се случува и во која се нормализира нееднаквоста, насилството и дискриминацијата на различни групи и која понатаму остава далекусежни последици кон психо-социјалниот развој на децата, велат од Комисија.

Апелираме до Министерството и Владата да го изменат законот согласно нивните коментари и насоки и да земат предвид дека како тело за еднаквост, Комисијата ја има стручноста, надлежноста и капацитетите во оваа област. Оттука, нагласуваат, нивните барања согласно законот треба да бидат земени предвид, бидејќи како што велат сите деца имаат право да бидат еднакви и безбедни во образованието.

закон за основно образование комисија за спречување дискриминација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.