Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Русија возврати: Го затвора конзулатот на САД во Санкт Петерсбург

0
By Нова ТВ on March 30, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 30, 2018 07:13

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека Москва ќе протера 60 американски дипломати откако Вашингтон нареди иста мерка за руски дипломати по нападот со нервен агенс врз рускиот шпион во Лондон.

Лавров рече дека Русија исто така ќе го затвори американскиот конзулат во Санкт Петерсбург.

Според Белата куќа, протерувањето на 60 американски дипломати од Русија не е неочекувано и САД ќе се справат со тоа.

Одлуката сепак дополнително ги влошува односите меѓу двете земји, истакна Белата куќа во соопштение.

Во исто време портпаролката на Стејт департментот Хедер Нојер изјави дека протерувањето на американски дипломати е неоправдано и Вашингтон го задржува правото да преземе соодветни мерки.

– Нема никакво оправдување за руската реакција, изјави портпаролката на брифинг со новинарите и додаде дека Москва одлучила да се изолира уште повеќе, со тоа што ќе протера 60 американски дипломати и го затвори конзулатот на САД во Санкт Петербург по идентичните мерки на Вашингтон поради аферата со труењето на поранешен руски шпион во Велика Британија.

– Од списокот што ни беше даден, јасно е дека Руската Федерација не е заинтересирана за дијалог за важните прашања за нашите две земји и ние го задржуваме правото да одговориме, рече Нојер.

САД заедно со 20 други нации наредија враќање на руски дипломати во земјата откако Москва беше обвинета за нападот врз поранешен руски двоен агент Сергеј Скирпал, и неговата ќерка.

Лавров пред неколку дена изјави дека одлуките на некои западни земји да протераат руски дипломати се донесени под притисок и уцени на САД.

дипломати конзулат протерување Русија САД Санкт Петерсбург Скрипал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.