Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Руско разузнавање: Србија продолжува да испраќа муниција до Киев за убивање руски војници и цивили

0
By Zoran Ivanov on May 29, 2025 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 29, 2025 22:39

Службата за надворешно разузнавање на Русија ја обвини Србија дека продолжува да ја снабдува Украина со муниција, наведувајќи дека целта на тие испораки е да се убијат руски војници и цивили.

Во остра изјава насловена како „Србија се обидува да пука во Русија во грб“, која ја објави на својата веб-страница, руската служба наведува дека лажните сертификати на крајните корисници и земјите-посредници се користат како покритие за антируски активности.

СВР добива информации дека српски компании од наменска индустрија продолжуваат да ја снабдуваат Украина со муниција, спротивно на „неутралноста“ прогласена од официјален Белград. Едноставна шема со лажни сертификати на крајните корисници и земјите-посредници се користи како покритие за антируски активности, меѓу кои најчести се членките на НАТО, првенствено Чешка, Полска и Бугарија. Во последно време, за оваа цел се користат и егзотични опции, вклучувајќи ги и африканските земји, се вели во соопштението.

Се наведува дека „придонесот на српската одбранбена индустрија во војната што ја започна Западот, чиј исход Европа би сакала да го види како „стратешки пораз“ на Русија, се рефлектира во стотици илјади гранати за повеќецевни ракетни фрлачи и хаубици, и во милион куршуми за лесно оружје.

Ваквите испораки тешко можат да се оправдаат со „хуманитарни причини“. Тие имаат една очигледна цел – да убијат и осакатат руски воен персонал и цивилното население на Русија. Најголемите компании од домашната одбранбена индустрија, вклучувајќи ги Југоимпорт СДПР, Зенитпром, Крушик, Софаг, Рејер ДТИ, Слобода, Први Партизан и други, учествуваат во организираната „лента на смртта“.

Руската служба, исто така, наведува дека „се добива впечаток дека српските производители на оружје и нивните покровители, поради нивната желба да профитираат од крвта на братските словенски народи, целосно заборавиле кои се нивните вистински пријатели, а кои се нивните непријатели.

 

оружје Русија Србија Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.