Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

САД мобилизираа цивилни авиокомпании за евакуација од Кабул

0
By Sashko on August 22, 2021 СВЕТ
Фото: insider.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, August 22, 2021 17:44

САД денеска вклучија неколку големи американски авиокомпании во евакуација на десетици илјади Авганистанци и странци од Кабул, откако главниот град падна во рацете на талибанците.

Пентагон соопшти дека секретарот за одбрана, Лојд Остин ја активирал ретко користената воздушна флота на цивилни резерви (ЦРАФ) за да помогне на луѓето да пристигнат во американските бази на Блискиот Исток.

Способноста на Министерството за одбрана да испраќа воени сили е неразделно поврзана со комерцијалната индустрија, која обезбедува критичен капацитет за транспорт, како и глобални мрежи за да се исполнат секојдневните и итните барања, се вели во соопштението.

Осумнаесет цивилни авиони од „Американ Ерлајнс“, „Атлас“, „Делта“, „Омни“, „Хавајан“ и „Јунајтед“ ќе помогнат на десетици воени транспортни авиони, вклучени во евакуацијата, се вели во соопштението.

Наместо слетување и полетување од главниот град, авионите ќе превезуваат луѓе од американските бази во Катар, Бахреин и Обединетите Арапски Емирати во европските земји и за многумина, во САД.

Со илјадници војници кои се обидуваат да го заштитат аеродромот во Кабул, Вашингтон одреди рок до 31 август за завршување на една од најголемите мисии за евакуација што Пентагон некогаш ја спроведувал.

До 15.000 Американци мора да бидат изнесени од Авганистан, според претседателот Џо Бајден, кој вели дека администрацијата сака да извлече и најмалку 50.000 авганистански сојузници и нивните семејства од земјата.

Ситуацијата дополнително се комплицираше вчера, кога американската влада ги предупреди своите граѓани да се држат подалеку од аеродромот поради „безбедносни закани“. Пентагон вчера соопшти дека 17.000 луѓе биле евакуирани од почетокот на операцијата на 14 август, од кои многумина прво слетале во Катар или Кувајт. Вкупниот број вклучува 2.500 Американци.

CRAF досега беше активиран само двапати за превоз на војници за Војната во Заливот во 1990-91година и повторно во 2002-2003 година за инвазијата на Ирак.

Авганистан авиони евакуација САД Свет Цивилни авиокомпании
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.