Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

САД: Претставничкиот дом го отповика Трамп, на ред е судење во Сенатот

0
By Нова ТВ on December 19, 2019 СВЕТ
Фото: abc13.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претставничкиот Дом на американскиот Конгрес изгласа постапка за отповикување на претседателот Доналд Трамп. Тој се товари за злоупотреба на службената должност и попречување на конгресна истрага.

Гласањето, според светските медиуми, започнало во два часот по полноќ по европско време на кое му претходеше целодневна дебата во која законодавците беа партиски поделени што се преслика и во гласањето.

Прво се гласаше по точката за злоупотреба на власта за што беа потребни 216 гласа за Трамп да биде отповикан. „За“ гласаа 230 претставници, а „против“ 197 меѓу кои двајца демократски конгресмени додека единствениот независен се придружи кон демократите. Ниту еден конгресмен од Републиканската партија, чиј кадар е Трамп, не гласаше против.

Фото: boingboing.net

И веќе по гласањето по првата точка, Трамп, инаку 45. претседател на САД, стана трет во историјата за кого е изгласано отповикување.

Втората точка за претседателот Трамп се однесуваше на негово попречување во работата на Конгресот за време на истрагата за телефонскиот разговор со украинскиот колега, Володимир Зеленски. И по ова прашање позитивно се изјаснија 229 конгресмени, сите републиканци беа против, а кон се приклучија и тројца демократи додека еден беше воздржан.

Злоупотреба на функцијата

Демократите го обвинуваат Трамп дека ја злоупотребил должноста барајќи од украинскиот претседател Зеленски да покрене истрага против Џо Бајден, поранешен потпретседател на САД и водечки кандидат за номинација од Демократската партија за изборите во 2020 година. За таквата услуга, според обвинението, Трамп ја условил со деблокада на воената помош за Украина.

Нареден чекор во постапката за отповикување ќе биде судење во Сенатот што е закажано за почетокот на 2020 година. Тогаш ќе се знае дали ќе биде остане на функцијата или не. Поротата ќе ја сочинуваат стотина сенатори и сенаторки, судењето му е доверено на претседателот на Врховниот суд, Џон Робертс.

Фото: timesofisrael.com

За отстранување на Трамп е потребно двотретинско мнозинство, односно 67 сенатори да гласаат „за“ што, сепак, е тешко да се очекува со оглед на големата предност на републиканците во телото. Тоа би било можно само доколку 20 негови сопартијци се изјаснат „за“ што, според медиумите, е тешко изводливо.

Трамп, во меѓувреме, на Твитер упати апел до своите поддржувачи да се молат за него.

Трамп на Твитер: Можете ли да поверувате дека ќе ме отповикаат

Трамп на Твитер објави 45 постови во текот на претпладнето, пред седницата на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес и гласањето за негово отповикување. Иако Белата куќа инсистираше дека претседателот ќе биде презафатен за да се фокусира на случувањата во Конгресот, сепак, тој мина цело претпладне со изразување на огорченост со објава на твитови и ретвитови, пренесуваат светските агенции.

„Може ли да верувате дека денеска ќе ме отповика радикалната левица, демократите кои не работат ништо, а јас не направив ништо лошо. Страшно. Читајте ги транскриптите. Ова повеќе не смее да се случи на ниту еден друг претседател. Молете се“, напиша Трамп на Твитер.

Фото: politico.com

Интензитетот на реакциите на Трамп се засилуваше како што се продлабочуваше расправата во Конгресот, па почна да објавува и постови со големи букви. Портпаролката на Белата куќа, Стефани Гришам рече дека претседателот е фрустриран поради постапката за отповикување.

„Тој е фрустриран како што покажува вчерашното писмо“, изјави Гришам која алудирапе на писмото на шест страници што Трамп го испрати до претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси, а во кое ги обвини своите противници дека водат војна против него и дека сакаат да ја урнат демократијата.

Белата куќа верува во поинаков исход во Сенатот

Белата куќа, по гласањето во Конгресот, изрази убеденост дека Трамп ќе биде ослободен од Сенатот.

„Во Претставничкиот дом се одигра една од најсрамните епизоди во историјата на нашата нација“, стои во изјавата на Гришам која ги прозва демократите дека изгласале отповикување без ниту еден глас на републиканците и без докази.

Претходно, во рамки на расправата по која следеше гласање, Пелоси го нарече Трамп „закана за американската демократија“.

„Овде сме да ја браниме демократијата за народот“, рече Пелоси.

По гласањето, сепак, потврди дека обвинението ќе биде проследено до Сенатот, откако ќе ги види усвоените правила за судење, јавуваат странските агенции. Запрашана дали тоа значи дека е можно обвинението да не биде проследено до Сенатот, таа не негираше.

гласање Конгрес отповикување САД Сенат судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.