Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

САД: Указ за прекин на трговијата со земјите партнери на Пјонгјанг

0
By Нова ТВ on September 7, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 7, 2017 09:24

Министерот за финансии на САД, Стивен Мнучин соопшти  синоќа пред новинарите дека доколку ОН не наложи нови санкции против Северна Кореја поради нејзините нуклеарни проби, тој веќе има подготвен указ кој треба да го потпише претседателот Доналд Трамп за прекин на трговијата меѓу САД и земјите што тргуваат со Пјонгјанг.

– Останува само декретот да се достави до претседателот за потпис, додаде тој.

Мнучин појасни дека со декретот тој ќе добие овластување да ја прекине трговијата и да воведе санкции против секој кој тргува со Северна Кореја.

– Претседателот ќе одлучи кога е вистинското време, давајќи одреден период на ОН да почне да дејствува во оваа насока, истакна Мнучин.

Во меѓувреме и јапонскиот премиер Шинѕо Абе и јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин се договорија да работат координирано за наметнување на нови, построги санкции кон Северна Кореја, пренесе ДПА. Двајцата лидери разговараа на маргините на Источниот економски форум во рускиот град Владивосток.

Абе и Мун изјавија дека ќе инсистираат Советот за безбедност на ОН да усвои резолуција која предвидува воведување  „досега најтешки санкции, вклучувајќи прекин на доставување нафта“ против Пјонгјанг.

Абе и Мун, исто така, најавија дека ќе побараат од Кина и Русија да ги поддржат новите санкции.

Во предлог- резолуцијата од САД се бара замрзнување на сметките на севернокорејскиот лидер, нафтено ембарго за Северна Кореја, забрана на текстилниот извоз од Северна Кореја и вработување на нејзини работници во странство.

САД Северна Кореја Трамп трговија указ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026
shortcut
ФОКУС
August 4, 2026

Украинците за прв пат користат роботи во борба: ги спуштија зад руските линии со дрон

ВЕСТИ August 4, 2026

Украина отвори ново поглавје во развојот на модерното војување со спроведување на првата позната борбена…

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

August 1, 2026

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026
ТИКЕР

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.