Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Самсоненко: Емотивен кра(х)ј на една врска од интерес

1
By Нова ТВ on August 11, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Рускиот бизнисмен, Сергеј Самсоненко со писмо до јавноста соопшти дека се повлекува од „Вардар“. Мистериозниот мултимилионер кој никогаш не кажа доволно уверлива приказна за неговата ‘љубов на прв поглед’ во Македонија ја напушта љубената земја којашто под закрилата на ВМРО-ДПМНЕ несебично му возвраќаше со дарови во државно-спонзорирани зделки.

Како причина за раскинувањето на спонзорството во трите спортски клуба кои го носат името „Вардар“, вели дека се навредите, омаловажувањата и линчот на кој бил изложен последните денови. Одлуката ја донел тешко, но е конечна.

Засега Самсоненко се збогува само со „Вардар“. Вака одговорија за НОВА ТВ од спортскиот клуб, кога прашавме дали бизнисменот се повлекува целосно од Македонија. Самсоненко за 11 години во земјава создаде империја и влезе не само во спортските води, туку и во градежниот бизнис, обложувањето, авио превозот, трговијата, а пред само месец и половина заедно со неговиот пријател, бизнисменот Јордан Камчев, формираше уште една фирма за реклама и маркетинг „Бет сити интернешнл“.

 

Според официјалните податоци од Централниот регистар, Сергеј Самсоненко, има 30-тина фирми во Македонија.

Заминувањето на Самсоненко од „Вардар“ во јавноста не е изненадување. По падот на ВМРО-ДПМНЕ, во чие владеење тој успеа да го рашири бизнисот, неговото име се споменуваше меѓу првите кои ќе си ги спакуваат куферите и ќе си отидат од Македонија.

Како навестување пред два месеца беше влегувањето на Самсоненко во рускиот фудбалски клуб ЦСКА Москва. Тој преку неговата компанија „Бетсити“ со седиште во Ростов, Русија, потпиша петгодишен спонзорски договор со клубот од Москва.

Лани во март, руските медиуми јавија дека сопственикот на „Бетсити“, заедно со најбогатиот Македонец според „Форбс“ и сопственик на болницата „Аџибаден Систина“ – Јордан Камчев, имаат намера да инвестираат повеќе од 2 милијарди рубљи (30 милиони евра) во изградбата на болница и породилиште во родниот Ростов.

Сергеј Самсоненко живее во Македонија веќе 11 години. Македонската јавност го запозна како газда на обложувалниците „Бетсити Балкан“, откако есента 2006 година одлучи да се пресели во Скопје заедно со семејството.

Дошол сосема случајно, на покана на бизнис-соработник и поминал неколку дена во Скопје. Првата средба со градот му била на стариот аеродром, и самиот се запрашал: Каде дојдов, што е ова? Се сместил во хотел во елитната населба Водно и таму се случил пресвртот.

Откако Самсоненко е на македонско тло, неговата бизнис-империја постојано се шири. Тој пред три години ги презема женскиот и машкиот ракометен клуб Вардар, а стана доминантен сопственик и на истоимениот фудбалски клуб.

Меѓутоа, додека брануваше во спортските води, Самсоненко се подготвувал и за влез во градежно-услужните дејности.

Премиерот Никола Груевски трипати му гостуваше на рускиот бизнисмен додека тој го градеше новиот спортски центар „Јане Сандански“ во скопската населба Аеродром. Груевски ја фрли првата лопата врз темелите заедно со Самсоненко пред локалните избори во 2013 година.

На местото на старата спортска сала „Јане Сандански“, на парцела од 11.000 квадратни метри, Самсоненко изгради нов спортскиот центар, кој содржи голема арена, со капацитет од 6.500 гледачи и една помала сала, која собира 1.000 посетители. А, дел од целиот проект е и новиот хотел „Русија“.

На градежниот плац веднаш до спортскиот комплекс „Јане Сандански“, Самсоненко ја гради руската црква „Св. Троица“.

НОВА ТВ направи повеќе истражувања за бизнисите на Самсоненко и неговата поврзаност со фирми од земји во даночните раеви Кипар и Белизе, кои се јавуваат во бизнис зделките во кои тој се јавуваше како инвеститор.

линк од сторијата https://novatv.mk/rusinot-samsonenko-vo-prikaznata-invest-in-masedonia-via-belize/

Самсоненко излегува од „Вардар“, но останува во Македонија. Вели: „Доста е“! Дали ќе стави крај на македонската бајка која ја живееше за време на владеењето на екс премиерот Никола Груевски, рускиот тајкун засега тврди не.

Вардар ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски Сергеј Самсоненко
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.