Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шанса за историски исчекор во бугарско-македонските односи

0
By Светлана Јовановска on June 20, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 20, 2017 13:57

Премиерите на Македонија и Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов ќе се поклонат пред споменикот на Цар Самоил во Бугарија а истото ќе го сторат кога Борисов ќе ја посети Македонија.

Во Софија ќе се именува улица по името на покојниот претседател на Македонија, Борис Трајковски, додека во Скопје ќе се именува улица по поранешниот бугарски претседател Жељу Желев. Со ова двајцата премиери поддржаа една граѓанска иницијатива од 2015 година произлезена од тркалезните маси Софија и Скопје за бугарско-македонските односи од уредникот на НОВА Борјан Јовановски и бугарскиот аналитичар Димитар Бечев а во тоа време имаше и петиција за оваа иницијатива. Потег на премиерите кој ги охрабрува граѓанските иницијативи  за подобрување на односите и дијалог меѓу граѓаните на Бугарија и Македонија.

“Денес Македонија го затвора поглавието на национализмот и отвора ново поглавие на европска иднина. Нам ни е потребна помош а Бугарија тоа може да го направи”, изјави денес Заев во Софија.

Првата средба на двајцата соседи одржана денес во Софија отвора нови перспективи по долгогодишните кавги и недоразбирања помеѓу Македонија и Бугарија. Кавги и провокации од двете страни кои ја турнаа Софија во блокада на македонската ЕУ интеграција во 2012 година. Блокада која се додаде на веќе постоечкото грчко вето.

Македонија гo одбива толкувањето на Бугарија за националниот идентитет на Македонците. Софија ги признава Македонците како нација но единствено во политичка смисла односно како група која сака да има своја држава. Но истовремено, Бугарија смета дека етничките корени на Македонците се бугарски. Иако Бугарија прва ја призна нашата земја под уставното име во јануари 1992 година и и помогна Македонија за време на грчкото ембарго на почетокот на 90те години, Софија продолжува да смета дека Македонците се вештачка нација креирана по Втората светска војна. Освен тоа, Бугарија не признава дека на нејзина територија постои македонско малцинство.

Се разбира, Македонија не ги прифаќа овие теории. Сепак, може да се каже исто така дека долги години Македонија водеше дволична политика. Изјавите на политичарите велеа дека наш приоритет се добрососедските односи и тоа се потврдуваше со контактите меѓу двете земји. Но, од друга страна, имало и првокации од македонска страна. Како на пример “Скопје 2014” со споменикот на Цар Самоил, историска фигура која и кај нас и во Бугарија се смета за еден од најголемите цареви во историјата. За Бугарија ова е обид за “македонизација” на бугарската историја.

“Националните идентитетски прашања имаат субјективен и емотивен карактер и оттука претставуваат одличен инструмент за политичка мобилизација. Во проблемите со кои се соччуваат Бугарија и Македонија не е “вечен” или “природен” конфликт помеѓу две нации на Балканот. Тој е пред се последица на временското растојание помеѓу формирањето на националниот идентите на Македонците и тој на нејзините соседи. Но истовремено и последица на патернилистичката политика на Бугарија кон Македонците како нација”, вели полскиот политиколог Јан Муш, професот на Католичкиот универзитет во Лублин.

Овие разлики секогаш биле злоупотребувани од политичката елита во двете земји како инструмент за притисок и особено како инструмент за влијание врз јавното мислење за да се мобилизира политичка поддршка и да се сврти вниманието на граѓаните од нивните големи социјални и економски проблеми во двете земји.

И Заев и Борисов во повеќе наврати покажаа голема доза добра волја да им се стави крај на овие разлики. Така, на големо изненадување на јавноста, Бојко Борисов го прими Заев веќе во 2015 година. Заев беше лидер на социјалистичката опозицијата а Борисов лидер на демохристијанска партија која беше на власт и ништо на прв поглед не ги зближуваше нив двајцата од политичка гледна точка. И во една прилика, во време на кризата во Македонија, Борисов не пропушти да каже дека на Груевски повеќе не сака ни добар ден да му каже и покрај тој што двајцата му припаѓаат на истото европско политичко семејство. Борисов беше првиот лидер на ЕУ кој отворено стави на знаење дека политичкото однесување на Груевски е неприфатливо.

Борисов и откри на јавноста дека во ноќта на 27 април му се јавиле Заев, Груевски и Иванов во потрага по совет:

„Иако јас не бев власт тогаш, бев во опозиција, бев никој. Затоа што се убедиле дека не само што сум добар човек, туку и многу сакам Македонија да е стабилна како држава, нашиот сосед да е стабилен. Затоа ја убедив канцеларката Меркел и останатите дека треба да им се помага. За нас се важни, треба да ѝ дадеме шанса на новата влада“, изјави Борисов.

Заев покажува дека во своето политичко дејствување нема да се потпира на национализмот кон ниту еден сосед. За новиот премиер важно е да има добри односи на сите полиња а прашањата кои водеа во провокации и кавги треба да им се остават на историчарите. Се чини дека сличен став има и Бојко Борисов. И за него поважен е автопатот помеѓу Скопје и Софија.

“Останува новото раководство во Скопје да изрази желба, да седнеме да направиме еден проект и да почнеме да работиме. Во тој однос, Македонија поголем пријател од мене – нема! Јас сум убеден дека патот води до благодат. Кога има пат, има туризам, има бизнис, има инвеститори (…) За патот од Скопје до Софија, на разговорот со канцеларката Меркел во Берлин, кога таа на прес-конференција го објави планот за Берлинскиот процес, вложив голем напор да ги убедам колегите во Брисел дека инфраструктурата веднаш го крева регионот. А Балканот беше заборавен”, вели Борисов во едно интервју.

За спуштање на тензиите најавено е потпишување на  Договорот за добрососедство и соработка, кој треба да произлезе од Декларацијата што во 1999 година што ја потпишаа тогашните премиери на Македонија и Бугарија, Љубчо Георгиевски и Иван Костов. Денес во Софија двете земји разговараат за   културната соработка, транспортот, енергетиката, патната и железничка инфраструктура. Корисни работи кои треба да им го подобрат животот на граѓаните во двете земји.

“Разговаравме, ги приближивме ставовите за потпишување на Договор за добрососедство, ни остана уште многу малку. Заедно ќе го прославиме Илинден во Македонија на 2 Август. Се согласивме да го потпишеме Договорот за соработка меѓу нашите две земји. Премиерот Борисов ќе ја посети Македонија и ќе се поклони пред споменикот на нашата историја. Ние денеска ќе се поклониме пред споменикот на цар Самуил во Софија”, рече Заев денес во Софија најавувајќи посета на бугарскиот премиер во Македонија.

А Борисов изјави:

“Ние сме за единствена Македонија, членка на НАТО и на ЕУ.”

Накусо, не се работи само за користољубие од наша страна поради тоа што Бугарија ќе претседава со ЕУ од 1 јануари до 30 јуни 2018 година и со тоа може да биде корисна за Македонија. Овие најави даваат надеж дека наскоро и ние на Балканот ќе можеме без задршки и скепса да кажеме дека Бугарија и Македонија се вистински пријатели.

 

Бојко Борисов Бугарија Договор за добрососедство ЕУ Зоран Заев Илинден Македонија Цар Самоил
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.