Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шпанија: Санчез нуди референдум за поголема автономија на Каталонија, но не и за независност

0
By Нова ТВ on January 21, 2020 СВЕТ
Фото: euroweeklynews.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 21, 2020 12:48

Шпанскиот премиер Педро Санчез во интервју за државната телевизија ТВЕ соопшти дека во февруари ќе се состане со каталонскиот премиер, Ким Тора, како дел од дијалогот за идниот статус на покраината и дека Каталонците потоа ќе треба да гласаат за нивниот договор што не вклучува независност. Санчез, кој е на власт од јуни во 2018 година, овој месец ја формира новата Влада, прва коалициска во земјата во последните 80 години, во која влегоа неговата Социјалистичка работничка партија (ПСОЕ) во партнерство со левичарска формација „Унидас Подемос“.

Фото: independent.co.uk

Во првото интервју по формирање на Владата, тој ја најави средбата со премиерот на Каталонија, Ким Тора за првата недела од февруари. Тора се залага за нов референдум за независност на автономната провинција со население од 7,5 милиони што би го одобрила шпанската Влада.

„Сакам мандатот на оваа влада да биде обележан со дијалог и консензус. Тоа што се смени е помирна ситуација во Каталонија “, рече Санчез, кој на почетокот на минатиот месец се согласи со Каталонската републиканска левица (ЕРЦ), најголемата партија за независност, да формира билатерална комисија за разговори околу идниот статус на провинцијата.

РКЕ, пак, се воздржа од гласање на владата во парламентот, оставајќи го Санчез, со тесно мнозинство од 167 пратеници „за“ и 165 против, на власт. Доколку РКЕ гласаше против, Шпанците повторно ќе излегоа на гласање. Шпанската опозиција го критикуваше договорот меѓу Санчез и РКЕ и тврди дека тоа би можело да доведе до „растурање на Шпанија“.

Фото: politico.eu

Во интервјуто, Санчез јасно стави до знаење дека исходот од преговорите нема да биде референдум за независност, за кој инсистираше ЕРЦ, но не прецизираше како би можел да изгледа договорот. Досега, ЕРЦ побара само „референдум за самоопределување“.

„Договорот нема да биде нешто што одвојува. Патот е автономија, а не самоопределување “, рече Санчез.

Од воведувањето на демократијата и сегашниот устав од 1978 година, Шпанија е територијално поделена на 17 автономни провинции. Каталонија, каде 19 проценти од БДП на Шпанија се генерира од индустријата и туризмот, е една од нив. Санчез истакна дека сегашниот статус доведе до „напредок и кохезија“.

Фото: euractiv.com

Каталонија има свој парламент, Влада, полиција, училишта и болници, а каталонскиот јазик е службен во тамошните институции. Шпанската централна влада во Мадрид управува со фискална, надворешна и одбранбена политика. Договорот споменат од Санчез може да вклучува дополнителна автономија, иако тој не прецизира во кои области. Потенцијалниот „договор ќе мора да биде изгласан од каталонското општество“, истакна тој.

„Шпанската Влада секогаш ќе го почитува законот, а каталонските заговорници за независност мора да бидат свесни дека нема место за унилатерални одлуки“, нагласи Санчез.

автономија Каталонија независност Педро Санчез референдум Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.