Шпанија се обрати до НАТО партнерите со барање за испраќање на тестови за коронавирус, вентилатори и заштитни маски во рамки на ангажманите за меѓународна помош на Алијансата.

„Помошта ќе биде дистрибуирана до граѓаните“, истакна Мигел Вилјароха, началник на шпанската армија Мигел Вилјароха.

Во земјата, во изминатите 24 часа, се регистрирани нови 738 смртни случаи од коронавирусот со што вкупниот број на починати лица изнесува 3.434 и поголем е одошто во Кина од каде почна ширењето на заразната болест.