Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шпанскиот премиер со ветување до Заев: Наскоро и Влада и ратификација на Протоколот

0
By Нова ТВ on December 5, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 5, 2019 09:43

Шпанскиот премиер Пендро Санчез му дал лично ветување на премиерот Зоран Заев дека неговата земја мошне скоро ќе го ратификува Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО што во изминатите девет месеци го сторија сите останати 28 членки на Алијансата.

Во Шпанија во првата половина на ноември се одржаа избори, но сè уште не е формирана новата Влада. Пратеници завчера се вратија во Парламентот, но и натаму нема јасни знаци дека наскоро ќе се формира премиерскиот кабинет и ќе се избегнат нови избори. Кралот Фелипе Шестти во следните неколку недели треба да се сретне со лидерите на парламентарните партии со цел да се избере мандатар.

Фото: elpais.com

Актуелниот премиер Педро Санчез има најголеми шанси да биде мандатар, бидејќи неговата Социјалистичка партија на изборите на 11 октомври освои 120 пратенички места. Санчез потпиша договор со левичарската партија „Заедно можеме“ (Унидас Подемос), која освои 32 места во Парламентот. За формирање на владејачка коалиција потребни се 176 пратеници од вкупно 350 во Парламентот.

Заев на НАТО самитот во Лондон: Се остварува заедничкиот сон за национален успех 

Делегација на Северна Македонија, предводена од премиерот Заев учествуваше на дводневниот Самитот на НАТО во Лондон каде беше поздравена од генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, но и од лидерите на останатите земји како 30-та членка.

„Овие два дена во Лондон, кога нашата Северна Македонија е претставена на највисоко владино ниво на Состанокот на лидерите на НАТО, по повод 70-годишнината од Алијансата, се остварува на сонот, заедничкиот сон за национален успех на сите наши граѓани. Иднината на Северна Македонија има адреса. На таа адреса е запишана трајната безбедност и сигурност за земјата и за граѓаните. Таа адреса е Главното Седиште на НАТО во Брисел“, порача Заев од Лондон.

Откако Протоколот ќе го ратификуваат сите земји членки на Алијансата, останува документот со кој се официјализира нашето членство да биде ратификуван и во Собранието на Република Северна Македонија, но неизвесно е дали тоа ќе се случи пред или по изборите, кои според договореното треба да се одржат на 12 април.

Во земјава сите се согласни во едно – членството во НАТО е стратешка цел број еден и тоа никој не го оспорува, но не постои согласност околу тоа дали Собранието во време на избори може да го ратификува Протоколот.

ВМРО-ДПМНЕ со иницијатива за ратификација на Протоколот со одложено дејство

ВМРО-ДПМНЕ вчера излезе со иницијатива до Владата во најскоро можно време до Собранието да го достави Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор и на Пристапниот протокол за членство.

„Нашата иницијатива има за цел да го забрза и да го обезбеди ратификувањето на Северноатланскиот договор и Пристапниот протокол за членство во НАТО од страна на Собранието, пред истото да се распушти заради одржување на предвремените парламентари избори на 12 април“, образложи вчера координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, додавајќи дека ваквата постапка е во пракса и се применила при влезот на Црна Гора во НАТО.

Тогаш во април 2017 година, Парламентот во Подгорица предвремено ги ратификува овие документи, а ратификацијата на протоколот за пристапување на Црна гора во НАТО од страна на Холандија и Шпанија се случила еден месец подоцна.

Најавата на Мицкоски дека ќе наложи на пратениците на ВМРО ДПМНЕ да потпишат и поднесат иницијатива за ратификација на протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО со одложено дејство беше испорачана на неделната прес-конференција во седиштето на партијата

Од партијата со апел до Талат Џафери најбрзо што може да ја испрати иницијативата до Владата, а собранискиот спикер вчера за тоа се прогласи за ненадлежен.

Џафери: За иницијативата на опозицијата е надлежна Владата, а не Собранието

Тој вчера рече дека Владата, а не Собранието е надлежна за постапување по иницијативата на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Потврди дека вчера група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата до него доставиле барање за иницирање, односно за препраќање до Владата на иницијатива за доставување Предлог-закон за ратификација на договорот за НАТО.

„Од формален аспект еден документ што влегува во Собранието во соодветна процедура, моја обврска е да го разгледам актот и да постапувам по однос на надлежностите. Имајќи предвид дека Собранието, врз основа на членовите на Деловникот на кои се повикуваат пратениците, ги нема тие надлежности, сметам дека е соодветно истиот акт, како и при сите други случаи за кои Собранието не е надлежно да постапува, да се препрати до надлежниот орган на кој што се однесува проблематиката, во конкретниов случај до Владата на Република Северна Македонија“, изјави Џафери.

Села со барање: Ратификацијата да биде на седница на 11 декември 

Фото: insajderi.com

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села вчера најави дека ќе бара ратификацијата на Протоколот за членство во НАТО да се одржи на пленарната сесија на 11 декември, за да не се искористи како причина за одложување на предвремените парламентарни избори.

„Денес е време да поднесеме барање до владата и до сите политички партии дека поддржувањето на ваква иницијатива нема да биде прв пат. Затоа што има преседани. Исто така, имало слични случаи кога не гласале сите земји, како што е случајот со Црна Гора кога собранието гласаше за протоколот пред истото да се случи од сите земји членки на НАТО, така што доволна причина за нас да гласаме“, рече Села.

Џафери е на став дека откако ќе биде распуштен Парламентот не треба да се свикува за евентуално ратификување на Протоколот за членство во НАТО. Ако во меѓувреме Шпанија избере Влада и го ратификува нема да има никакви пречки, но ако ратификацијата во оваа земја се случи во изборниот период, според Џафери постои можност Протоколот да биде ратификуван по завршување на изборите и конституирање на новиот парламентарен состав.

Пендаровски: Протоколот може да се ратификува и по изборите

И претседателот Стево Пендаровски, во интервју за ТВ 24, истакна дека не е спорно ако Протоколот да се ратификува по изборите.

„Ако сите ратификации завршат и се чека на нас, бидејќи по сите 29 ратификации и ние треба да го ратификуваме Протоколот, а немаме Парламент и дојде до ситуација од нас да зависи, тогаш ќе го ратификуваме во април по изборите“, рече Пендаровски.

Во врска со предлогот на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да се изгласа ратификација со одложено дејство, Пендаровски смета дека сè уште има дилеми дали тоа би било правно издржано.

Шекеринска: Неодговорно ќе биде ако го загрозиме членството во НАТО

За вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, пак, би било неодговорно ако се направи нешто што ќе го загрози членството во НАТО – стратешка цел број еден, макар и да ја одложи на одредено време.

Таа појасни дека одложувањето на изборите не е опција, а веќе се разговара со дел од пратениците и со други институции за можност за свикување на Собранието и по закажување на изборите, оти вели тој собраниски состав е функционален.

„Ние во ниеден момент не можеме да кажеме немаме Собрание“, смета Шекеринска.

Зоран Заев Лондон НАТО самит Педро Санчез Протокол ратификација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026
ФОКУС
April 20, 2026Updated:April 20, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

ВЕСТИ April 20, 2026

Бугарската социјалистичка партија веројатно испадна од парламентот.

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026
ТИКЕР

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.