Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Швајцарци објавија, Ѓоковиќ потврди: Го оперирав лактот

0
By Нова ТВ on February 3, 2018 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, February 3, 2018 13:44

Швајцарскиот весник „Блик“ објави, српскиот тенисер потврди. По неодамнешните прегледи во Прага, Новак Ѓоковиќ се подложи на хируршки зафат на лактот во клиниката во Мутенц во близина на Базел.

„Народе, ви должам некои информации за рехабилитацијата. Со оваа повреда се носам две години и во сиот изминат период се сретнав со многу лекари. Притоа беа предложени различни опции и дијагнози. Воопшто не беше лесно да се одбере начин за борба со лактот“, се обрати Ѓоковиќ до јавноста преку „Инстаграм“.

Српскиот ас отсуствуваше од тениските терени во втората половина на 2017 година. Се врати на Австралија опен со надеж дека проблемот е минато, но болките, сепак, беа присутни и во Мелбурн.

„Минатата година паузирав шест месеци мислејќи дека ќе се опоравам во целост меѓутоа, за жал, болките не минаа. Ми недостасуваше тенисот, во крвта ми е, па морав да се пробам на Австралија опен. Затоа пред неколку дена прифатив мала операција на лактот. Се чини дека сум на добар пат за целосно опоравување. Одлично се чувствувам, позитивен и со нетрпение чекам да се вратам на терен“, додаде Ѓоковиќ.

Зафатот што Ѓоковиќ го направи во Швајцарија ќе продуцира пад на АТП листата. Но, прашањето што се поставува е кога би можело да се очекува на негово враќање на терените. Пауза несомнено ќе има, за периодот на мирување што ќе следува не сакаше да говори. Она што е сигурно е пропуштање на турнирот во Акапулко, мали се шансите да настапи и во Индијан Велс од 3 до 8 март, истото се однесува и за Мајами од 21 март до 1 април. Шпекулациите упатуваат дека најоптимистичка опција е Мастерсот во Монте Карло во втората половина на април што во превод значи два месеца за рехабилитација по операцијата во Мутенц.

АТП Лакт Новак Ѓоковиќ операција тенис Швајцарија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.