Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сијарто: Најдоцна во јуни, Северна Македонија да ги почне преговорите со ЕУ

0
By Нова ТВ on April 6, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

И честитам на Северна Македонија што минатата недела доби согласност за започнување на преговорите со ЕУ и што станавте 30. членка на НАТО. Ние во Европскиот совет ќе се обидеме да издејствуваме најдоцна до мај да ја затвориме рамката за преговорите и најдоцна во јуни да започнеме со самите преговори. Многу добро знаеме колку е важно на Западниот Балкан да владее мир и меѓусебна соработка и овие работи нè приближуваат кон тоа, изјави денеска шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто кој се наоѓа во посета на Скопје, по средбата со министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Шефот на унгарската дипломатија информира дека донел донација за здравствените служби во земјава, со цел подобро справување со кризата предизвикана од коронавирусот, а во контекст на тоа се осврна и на прашањето со мигрантите.

„Не смееме да заборавиме ни во рамки на предизвиците од кризата со коронавирусот дека е друг огромен предизвик. И миграциски притисок на турско-грчката граница и натаму е многу сложена ситуација. Унгарските полицајци заедно со македонските полицајци на границата само во оваа година спречиле најмалку 5.600 обиди за илегален премин. Горди сме на нашите полицајци бидејќи во различни ротации преку 1.300 унгарски полицајци служеле на македонско-грчката граница и му нагласив на мојот колега Димитров дека и натаму Македонија може да смета за помошта на унгарските полицајци“, рече Сијарто.

Тој истакна дека Унгарија води одговорна политика кон соседите и веќе обезбедиле помош за Словенија, Хрватска и Србија и сега, како што рече, за Македонија, бидејќи ако овие држави ослабнат во кој било поглед тогаш и нивните капацитети за одбрана се намалуваат и доколку во таква состојба се соочат со еден миграциски притисок тогаш во тој случај нема да можат да го запрат тој притисок.

„Ние имаме огромен интерес со тој миграциски притисок да се справуваме што подалеку од нас“, рече Сијарто.

Шефот на унгарската диполоматија истакна оти успеале да ја донесат помошта затоа соработката со Унгарија и Кина постојано и многу ефикасно функционира и постојано пристигнува медицинска опрема на територијата на Унгарија.

„Ние во изминатата недела фактички купивме од Кина една фабрика за производство на оваа опрема која ќе произведува заштитни маски. Машините се веќе инсталирани и многу бргу ќе започне и производството, така што е возможно на Северна Македонија да и пружиме и конкретна помош“, посочи Сијарто.

Во однос на солидарноста меѓу земјите членки на ЕУ за справување со корона-кризата, Сијарто вели дека по совладувањето на вирусот ќе мора да се извлечат поуки за тоа како функционираше и дали не функционираше солидарноста на ЕУ.

„Започнувате преговори со ЕУ, затоа не би сакал да ви ја одземам волјата за зачленување во Унијата, но во поглед на борбата против коронавирусот е докажано дека најдобро функционираат оние одговори кои секоја држава за себе ги носи. За жал, координацијата помеѓу државите членки на ЕУ беше многу бавна и затоа државите беа оставени на тоа лично да се борат. Се разбира, ние ги поддржуваме сите настојувања на ЕУ на државите од Западен Балкан да им пружиме што поефикасна помош. Она што е факт тоа е факт, секоја европска држава, скоро и секоја држава во светот на различен начин се бори бидејќи имаат различни системи, здравствени системи и користат различни средства за борба против коронавирусот“, оцени Сијарто.

Според него, сега најмногу се зборува за здравствениот фонд, но има друг фронт каде што економската политика мора да се прилагоди.

„На вчерашната седница на нашата Влада донесовме еден економски план во кој одговори се даваат на национално ниво и дека доколку ЕУ може тука да придонесува нешто за справување со економската криза, тоа е само добро. Се надевам дека овие преговори ќе бидат ефикасни. Според мене, ЕУ има најважна задача во овој поглед да ги прилагоди своите закони во врска со економијата и да ги прилагоди така да тие на најголем можен начин ги поддржуваат извозот и странските вложувања во своите држави“, рече Сијарто.

Димитров од своја страна рече дека во време на глобална пандемија на вирусот ковид-19 и ригорозни здравствени мерки насочени кон спречување на ширење на коронавирусот и заштита на граѓаните на јавното здравје практично во целиот свет, средбите со неговите колеги се реализираат и под вонредни услови.

„И во вакви услови со мојот драг колега Петер сакаме да потврдиме дека сериозно сме посветени на солидарноста и соработката меѓу Северна Македонија и Унгарија заедно да го надминеме овој заеднички предизвик и кризата со која се соочува и нашиот континент Европа и пошироко. Со таа цел е и денешната посета и помошта што стигна заедно со министерот Сијарто од Унгарија за која што сме благодарни“, рече Димитров.

Посочи дека тесната координација и соработка на регионално ниво и со ЕУ ќе бидат важни фактори за соочување со коронавирусот.

„Сакам исто така да му се заблагодарам на Петер и за поддршката во однос на нашите тридецениски аспирации да се зачлениме во НАТО. Скоро се видовме преку видео-конференција на неодамнешниот министерски состанок на Северноатлатнскиот совет, а сакам да му се заблагодарам и за поддршката за конечно добивање политичка одлука од страна на ЕУ да ги почнеме пристапните преговори. Имавме еден многу конкретен телефонски разговор ден пред одржување на Советот за општи работи на ЕУ. Сакам да му се заблагодарам за сето ова, за тоа што е тука лично во период полн со предизвици и вонредни околности, мислам дека оваа посета зборува многу повеќе од зборови во смисла на пријателството и посветеноста“, заклучи Димитров.

ЕУ Коронавирус Македонија Никола Димитров Петер Сијарто помош Унгарија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.