Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сите детали за постигнатиот партиски договор

14
By Нова ТВ on July 20, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Четирите политички партии – потписнички на Пржинскиот Договор ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА со посредство на меѓународната заедница денеска ги постигнаа следниве детали:

-Во поглед на Избирачкиот список, Изборниот законик ќе биде изменет до 22 јули. Во однос на договореното, 171 500 гласачи ќе бидат ставени на посебна листа и нивниот глас не е спорен.

Што се однесува на речиси спорните 39 502 гласачи од вкрстените проверки, ќе имаат 25 дена  самите да се пријават за гласање. Оние кои нема да се пријават, нема да имаат ни право на глас.

-Во однос на медиумите, Законот за Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе биде имплементиран 15 дена од датумот на денешниот договор. Ќе биде формирано ад-хок тело за мониторирање на медиумското известување, согласно Изборниот законик. Ова тело ќе функционира до завршување на изборниот процес, а ќе биде формирано 30 дена од датумот на овој Договор.

Ова тело ќе биде составено од 5 члена, во консултации со релевантните професионални организации, четирите политички партии ќе одберат четири члена, од којшто едниот ќе биде Албанец, а избраните четврорица, имаат 15 дена со консензус да го одберат петтиот член.Телото ќе врши проценка на балансираното известување.

Првиот прекршок, ќе биде санкциониран со предупредување, а евентуалниот втор сноси парични казни. Ниту еден новинар или медиум нема да биде казнуван за искажување на свое мислење, кое пак, според договореното, треба да се разликува од пласирање на информација.

-Четирите политички партии се обврзуваат да спроведат медиумска легислатива согласно итните реформски приоритети и Извештајот на Прибе во рок од шест месеци по изборите.

Во согласност со другите партии, најголемата опозициска партија ќе номинира уредник на информативната редакција на МРТВ од експерти на ова поле.

Ако партиите потврдат дека услови за избори има, новиот уредник на јавниот сервис ќе стапи на функција сто дена пред избори.

-Во однос на пржинската Влада, ако изборите се одржат во 2016 година, таа ќе добие мандат 100 дена пред денот на изборите.  Законските решенија донесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ кои се однесуваат на министерството за внатрешни работи и ингиренциите на министерот се суспендираат до 1. јануари 2017 година.

Кадровските промени на министерот за внатрешни работи се лимитирани до 15 лица на раководни позиции и можност на десет проценти од бројот на хоризонтални поместувања, кој актуелната власт ги направила од 2013 и 2014 година.

-Во однос на Специјалното јавно обвинителство, во случај Уставниот суд одлучи дека Законот за Специјалното обвинтиелство или дел од него е неуставен, четирите партии се обврзуваат да го усогласот Законот со одлуката на Судот и повторно да ја формираат Канцеларијата според оваа одлука, во рок од 5 дена. Мора да се задржат ефикасноста, фокусот и целите на СЈО.

Четирите партии го повикаа Уставниот суд да донесе одлука во однос на Законот за СЈО што е можно побрзо на следната седница.

Бејли ВМРО-ДПМНЕ Договорот од Пржино ДПА ДУИ МВР СДСМ СЈО Уставен суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.