Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скопје и регионалните престолнини жаришта на вирусот

0
By Нова ТВ on July 3, 2020 ВЕСТИ
Фото: dw.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 3, 2020 12:25

Комисијата за заразни болести денеска ќе разговара за евентуално повторно воведување на режим на границите со Србија и со Косово, имајќи го предвид развојот на ситуацијата со коронавирусот во соседството. Од Министерството за здравство (МЗ) велат дека можното враќање на мерките е во насока на превенција од потенцијални ризици по здравјето на населението во Северна Македонија. Во Косово вчера беа регистрирани 113 новозаболени од Ковид-19, во Албанија 82, а во Србија 359.

Засега нема најави од домашните власти за евентуални рестриктивни мерки кои би се однесувале на режимот на работа на угостителски и други објекти каде има поголема фреквенција на луѓе, какви што веќе почнаа да се преземаат во соседството. Во моментот, со повеќе од 2.000 активни случаи, Скопје и натаму е најголемото жариште на Ковид -19 во земјата, а овој епитет ги следи и сите престолнини во соседството и земјите од регионот. Српскиот претседател, Александар Вучиќ, во синоќешното гостување на РТС, посочи дека најголемо жариште на вирусот е главниот град Белград, каде живее вкупно 22 процента од населението во Србија, а токму таму се регистрирани дури 82,5 отсто од заразените.

Словенија ја стави Хрватска на жолта листа

Порастот на новозаразени во регионот и во Европа, покажува дека е ирелевантна европската листа на „безбедни земји“, бидејќи состојбата е динамична и се менува од ден во ден. Вирусот веќе успеа да префрли одредени земји од „зелена” на „жолтата листа”.

Таков е случајот со Хрватска, во која по вториот бран на зараза за жариште исто така се смета главниот град Загреб, но и Пожешко-славонската жупанија. Порастот на новозаразени во оваа земја (вчера 81 случај) доведе до одлука на словенечката влада за симнување на Хрватска од таканаречената „зелена листа“ на држави кои се епидемиолошки безбедни (истата одлука важи и за Франција и за Чешка) и тие сега се префрлени на т.н. „жолта листа“. Од сабота на полноќ во Словенија ќе може да влезат само хрватски државјани кои таму имаат недвижнини, пловни објекти или веќе резервиран туристички арнжман. За сите други е задолжителен 14-дневен карантин.

Словенечкиот министер за здравство, Томаж Гантар, новата одлука на владата за заострување на мерките ја образложи со ситуацијата во регионот, но и во Словенија, каде има се поголем број нови случаи на пренос преку увоз на вирусот, oсобено од држави од „црвената листа“, како што се БиХ, Србија, Северна Македонија, и Косово.

Србија со нови рестрикции

Мерки се преземаат и во Србија. По вчерашниот српски рекорд од 359 новозарзени, Вучиќ најави одлука за забрана за работа од 23 до 6 часот на сите кафулиња, барови, дискотеки и објекти на сплавови од затворен тип. Исклучок ќе бидат оние кои имаат простор на отворено. Неговата најава дека ќе бидат затворени и студентските домови во Белград, синоќа предизвика голем протестен марш на студентите кои порачаа дека ако до денеска до 18 часот не се повлече одлуката, студентите ќе се упатат пред Владата.

Не се намалува бројката на заразени ни во соседна Бугарија. Во последните 24 часа се регистрирани 161 новозаразени. Најголемиот број се од пошироката област на Софија (13) и 39 од градот, со што престолнината останува најголемо жариште. Тамошните аналитичари посочуваат дека за три месеца Бугарија од второ место во успешната битка против вирусот (април), во мај паднала на 11-то, а во јуни, кога бројот на потврдените случаи за зголемил за 2,5 пати, земјата паднала на на 23-то место меѓу 27 земји на ЕУ.

Бугарија Ковид-19 Македонија регион Словенија Србија Хрватска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.