Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Следува недела на лобирања, убедувања и одлука

0
By Нова ТВ on June 23, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Известувањето од Грција до Европскиот совет и до генералниот секретар на НАТО со кои практично се одблокира евроатлантскиот пат за Македонија ќе бидат испратени в понеделник, соопшти вчера министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас, кој потврди дека тие се веќе готови и ќе бидат потпишани в недела во Брисел.

 

На прес конференцијата вчера, на крајот од Конференцијата за стабилност и безбедност на грчкиот остров Родос, Коѕијас рекол дека минатиот петок, пред потпишувањето на договорот, без да биде обврзан, испратил писмо до генералниот секретар на НАТО, во кое го известил и ги поставил предусловите со кои треба да биде поврзана поканата за членство, односно оние услови што се предвидени во самиот Договор.

Советот на ЕУ за општи работи в понеделник и во вторник ќе го разгледува предлогот за почеток на пристапни преговори на Албанија и на Македонија. В четврток и петок е состанокот на шефови на држави и влади на членките на Унијата.

Холандија е „за“, останува уште Франција

Холандија и посебно Франција беа најгласни во отпорот на нивната јавност кон проширувањето на ЕУ.

Но по одлуката на холандскиот Парламент, во однос на Македонија, да и остават слобода на владата да одлучува, останува уште Франција да го омекне ставот до претстојниот Самит на ЕУ

Во меѓувреме во Брисел продолжуваат расправите помеѓу земјите-членки на ЕУ за одредување датум за старт на преговори со Македонија во Советот на ЕУ, каде Франција и натаму се противи тоа да се случи во јуни и покрај договорот со Грција. Иако засега во нацрт-заклучоците останува стартот на преговори со Македонија, битката не е извојувана, објави МИА повикувајќи се на дипломатски извори во Брисел.

Во обид да се убеди Франција, земјите членки прифатиле да се одреди условена одлука за преговори без временски рок кога конкретно тие би почнале, но ниту тоа не ги убедило Французите. Париз прифаќа да има „што попозитивен речник“ и охрабрувања за Македонија, но дека преговори во јуни не се можни. Став што им пречи на голем број земји членки, кои сметаат дека Македонија треба да биде наградена како за реформите, така и за договорот за името.

Меѓу најгласните во одбрана на старт на преговори е Бугарија, која до крајот на месецов претседава со ЕУ, и која исто така оценува дека преговори со Македонија во јуни ќе донесе и „престиж“ за нејзиното претседателство. Друга земја која турка за старт на преговори со Македонија е Австрија, која го презема кормилото на ЕУ од 1 јули.

Била спомената варијанта и преговори да се одредат во ноември годинава, велат изворите на МИА, што исто така не му е по вкус на бугарското претседателство, велат извори во Брисел.

Голем број земји-членки сметаат дека би било разочарувачки Македонија да не биде наградена по сите препораки на Европската Комисија и постигнатиот компромис со Грција околу спорот за името.

Германската Влада препорача отворање преговори со Македонија за членство во ЕУ. Во писмо упатено до Бундестагот, германската Влада оценува дека реформскиот биланс на македонската Влада говори во корист на почеток на преговори за членство во ЕУ на претстојниот Самит на Унијата следната недела.

– Одобрувањето (одредувањето датум за почеток на преговори) ќе биде вистинскиот позитивен сигнал за македонската Влада, која фокусирано го следи реформскиот курс наспроти политичкиот притисок од внатре и однадвор. Сепак, условеноста мора да биде задржана, се наведува во писмото што го пренесе Дојче веле на македонски јазик во кое се наведуваат и областите каде се потребни видлив реформски напредок.

ЕК и НАТО со поддршка

Во вчерашните реакции од ЕК и од НАТО, се истакнува дека обете инстиитуции веќе се изјасниле дека иднината на Македонија е во нивните редови.

Европската комисија се повика на овогодишниот извештај за Македонијаво кој се препорачува почеток на преговори за членство во ЕУ, но дека одлуката е во рацете на Советот на ЕУ.

 

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека на Самитот на Алијансата во јули се очекува Македонија да биде поканета за преговори за членство во Организацијата.

– Оптимист сум дека ќе биде донесено такво решение, како и за тоа дека на референдумот во Македонија ќе има мнозинство за поддршка на договорот со Грција, нагласи Столтенберг, додавајќи дека по референдумот ќе може Македонија да биде поканета за членство во НАТО.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска е убедена дека на Самитот на НАТО што треба да се одржи на 11 и 12 јули Македонија ќе ја има обезбедено поддршката од сите членки на Алијансата за да ја добие поканата за членство, затоа што исполнила големи домашни задачи, што, како што рече, се големи аргументи во полза на нашето членство во Алијансата.

– Доколку тоа се случи, мислам дека и во поглед на Македонија ќе се почитува процедурата која важи и за другите земји членки и оти тој период би бил од една до една и пол година, во зависност од тоа каква е процедурата во државата и во земјите членки, рече вчера Шекеринска.

Следната недела премиерот Зоран Заев и владина делегација, заминува во посета на  неколку европски држави. Како што соопшти владината прес служба, на 26 јуни тој е во официјална посета на Австрија, а на 27 јуни ќе биде во работна посета на Полска.

Во Виена ќе има средба со канцеларот Себастијан Курц и со претставници на австрискиот Парламент и ќе се обрати на дебата на тема „Заедничка европска иднина за Југоисточна Европа – Примерот на Македонија“.

Во Варшава, премиерот Заев ќе има средба со полскиот премиер, Матеус Моравјецски.

 

 

Германија Грција ЕУ Заев НАТО писмо Франција Холандија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.