Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Случај Алмир: Се бара разрешување на Јовески, на обвинители и судии

0
By Нова ТВ on March 21, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Повеќе стотици граѓани денеска излегоа на протест пред Владата против судската постапка за смртта на четиригодишниот Алмир Алиу, кој пред две години беше прегазен во Куманово, а деновиве обвинетиот Бобан Илиќ беше пуштен од притвор откако Обвинителството го преквалификува делото, од убиство во сообраќајка  со смртни последици.

-Овде сме да кажеме дека нема да го дозволиме тоа. Правда за Алмир мора да има. Бобан Илиќ изврши убиство. Обвинението мора да гласи според доказите, а не по нечии наметнати одлуки. Судската постапка мора да почне одново и неа да ја водат некорумпирани обвинители и судии надвор од Куманово-рече пред насобраните граѓани актерот и активист Висар Вишка, кој го предводеше протестот.

Насобраните граѓани побараа разрешување на државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, на обвинители и судии поврзани со случајот и одговорност од Владата и премиерот Зоран Заев.

Тие носеа транспаренти со натписи „Нема правда, нема мир“, „Каде ти е совеста македонско обвинителство“, како и детски играчки и детска облека.

На еден од транспарентите беше со ликот на државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, кој беше пречкртан и со црвена точка на челото.

Вишка најави кривични пријави и барање на одговорност од Обвинителството и Судот и разрешување на Јовески, кој, како што рече, носи исти одлуки како неговиот претходник Марко Зврлевски.

-Ние, граѓаните на Република Македонија ќе поднесеме кривична пријава против јавната обвинителка Сузана Кусигерска поради злоупотреба на должноста и поради неизнесување на факти. Бараме разрешување на судијката  Маја Денковска поради нестручно водење на постапката-рече Вишка, додавајќи оти бараат одговорност и за вештаците во случајот, разрешување на сите јавни обвинители од колегиумот на јавни обвинители.

-Бараме итно разрешување на Јавниот обвинител Љубомир Јовески затоа што носи исти одлуки како Марко Зврлевски. Јовески не е реформа-порачаа демонстрантите.

На протестот беше побарана одговорност и од Владата и од премиерот Зоран Заев поради неспроведување на реформите во правосудството.

-Бараме одговорност од Владата и од премиерот Зоран Заев затоа што не ги реализираат реформите во судството, туку дозволуваат правдата и понатаму да ја делат истите корумпирани обвинители и судии. Бараме правда за Алмари! Нема правда, нема мир – рече Вишка.

Инаку, ова е трет протест за судскиот процес за смртта на Алмир. Претходните два се одржаа пред Јавното обвинителство.

Доцна синоќа, министерот за правда Билен Саљији на прес-конференција соопшти дека поднесува неотповиклива оставка, токму за овој случај.

Јавниот обвинител Јовески вчера во интервју за Макфакс рече дека на негово барање се сретнал со родителите на Алмир Алиу, со цел да им каже дека нема никаква заднина во преквалификацијата на делото.

Тој вели дека го проучил предметот за прегазувањето на малиот Алмир и дека обвинението на обвинителот се заснова на факти и докази што му стојат на располагање.

Според Јовески, во конкретниот случај, врз основа на доказите и вештачењата во предметот, обвинителката која го застапува предметот утврдила дека во случајот нема умисла, односно дека доказите не го потврдуваат првичното обвинение за убиство со умисла.

Алмир Алиу Влада Јавно обвинителство Љубомир Јовески одговорност протест разрешување судска постапка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.