Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собраниската комисија ќе расправа за имунитетот на шестмина пратеници

0
By Нова ТВ on November 29, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 29, 2017 08:42

Комисијата за деловничко и мандатно имунитетни прашања се очекува денеска да расправа за барањето на Кривичниот суд за одземање на имунитетот за шестмина пратеници, кои обвинителството ги товари за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата, а во врска со насилствата во Собранието на 27 април годинава.

Барањата од судот вчера се пристигнати во Собранието, но се чекаше на претседателот на Парламентот Талат Џафери да се врати од патувањето во Шведска. Според собранискиот деловник, Џафери треба га проследи барањата до претседателот на Комисијата за деловничко и мандатно имунитетни прашања Павле Богоевски, кој треба да закаже седница на која треба да се одлучува по нив. Богоевски вчера најави дека седница ќе закаже веднаш штом го добие известувањето од претседателот на Парламент.

Неколкумина пратеници се меѓу 36 лица кои Основното јавно обвинителство ги гони за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, во врска со настаните од 27 април годинава во Собранието на Република Македонија.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски си замина по распитот пред судот. Тој не сакаше да дава никакви коментари и да одговара на новинарските прашања.

Притвор за петмина, двајца во домашен притвор

Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, донесе решенија со кои за О.П., О.Р., И.Д., М.П. и М.Ч. го прифати предлогот на обвинителството и им определи мерка притвор во траење од 30 дена,

За лицата Е.Б. и С.М., судијата не го прифати предлогот за определување мерка притвор, а како мерка за обезбедување присуство им определи мерка куќен притвор.

За останатите лица, за кои се уште не е завршено сослушувањето, по донесено решение на судија на претходна постапка во однос на предлогот на обвинителството, јавноста ќе биде информирана денеска преку соопштение.

 

Полицијата по наредба на ЈО вчера утро го приведе поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков.

фото: Нова Македонија

Освен него, беа приведени и пратениците кои ги отворија вратите на Собранието, како и дел од организаторите на протестите, Крсто Муковски, Сашо Василевски, Жаклина Пешевска, како и поранешниот директор на МОБ Игор Дурловски, актерите Владо Јовановски и Борис Дамовски, Богдан Илиевски, Горан Ангелов Ќосето кои се само дел од приведените.

Истрага против 36 лица

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција информираше дека е отворена истражна постапка против 36 лица вмешани во крвавите настани од упадот во законодавниот дом.

– По разгледување и анализа на прибраниот доказен материјал, ОЈО за гонење организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 36 лица поради основано сомнение за сторено кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од Кривичниот законик, наведе ОЈО.

Чавков за време на настаните во април раководеше со оперативниот штаб на МВР. Од пониските структури од МВР тој беше посочен дека два часа не давал наредба за дејствување на полицијата, со што го довел во опасност животот на пратеници и новинари.

Најмалку десет години затвор предвидува член 313 од Кривичниот законик на РМ за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Обраќање на Иванов

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во синоќешното обраќање до јавноста порача оти треба да има одговорност за немилите настани од 27 април, но како што кажа, одговорноста не смее да се генерализира, мора да се почитуваат човековите права и презумпцијата на невиност, и да се внимава на квалификациите на кривичните дела.

– Ја поддржував и сега ја поддржувам граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ која повеќе од два и пол месеци, на мирен и достоинствен начин ја искажуваше грижата за националните интереси на Република Македонија. Граѓаните кои се сплотија и ја демонстрираа идејата за заедништво не се и не можат да бидат третирани како терористичка организација, истакна Иванов.

Груевски побара ослободување на приведените

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски оцени дека приведувањето на лицата за насилствата во Собранието на 27 април е политички прогон и побара нивно итно ослободување.

– Ова е последниот чин на пресметка со слободно мислечкиот Македонец и граѓаните кои се одважија да кажат став за разградувањете на државата против тиранската платформа, а против насилието на власта. Против секој кој мисли македонски и се грижи за  националните интереси. Во прашање е државата. Ова не е правда, веќе законите и Уставот не важат, ова е заробена држава, рече Груевски.

Протести пред Кривичен

На негов повик вчера попладне пред судот почна протест, на кој се собраа околу 150 лица, кои мирно протестираа, извикувајќи „Македонија, Македонија“ и „Слобода, слобода“ и бараат судот да ги ослободи приведените.

Имаше помали инциденти со новинарски екипи.

Претседателот Иванов, ноќеска во неговиот кабинет одржа средба со премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Тема на разговор, како што соопшти кабинетот на Иванов, беа актуелните случувања и можните решенија за излез од актуелната состојба на напнатост во државата што предизвикува загриженост кај граѓаните.

– Целта на средбата беше да се поттикне помирување и нормализирање на политичките процеси во Република Македонија Присутните на средбата се согласија разговорите да продолжат и во иднина, стои во соопштението.

 

 

 

27.април имунитет на пратеици Комисија за мандатно имунитетни прашања Кривичен притвори протести Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.