Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собраниската комисија попладнево за имунитетот на шестмина пратеници

0
By Нова ТВ on November 29, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 29, 2017 11:19

Собраниската Комисија за деловничко и мандатно-имунитетни прашања попладне  треба да одржи седница на која ќе се одлучува за барањата од судот за одземање на имунитетот на шестмина пратеници кои обвинителството ги товари за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата, а во врска со насилствата во Собранието на 27 април годинава.

Претходно се очекува во Собранието да пристигне и претседателот Талат Џафери од службеното патување во Шведска. Џафери, според Деловникот на Собранието и Уставот, барањата од Судот што вчера пристигнаа до него треба да ги проследи до претседателот на Комисијата за деловничко и мандатно – имунитетни прашања Павле Богоевски. Богоевски вчера најави дека веднаш по доставувањата на барањата ќе закаже седница на Комисијата.

Пратениците од власта имаат мнозинство во Комисијата, така што се очекува одлука да биде донесена и доколку пратениците од опозицијата односно ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваат на седницата. Членови на оваа комисија се и двајца од пратениците за кои има информации дека е побарано притвор, но според Деловникот и тие треба да бидат известени за седницата. Нивното место во Комисијата ќе го заземат заменици-членови од пратеничката група.

фото: Нова Македонија

Заменик претседател на Комисијата е пратеникот Петар Атанасов, а членови Мирослав Јовановиќ, Александар Кирацовски, Сашко Костов, Агим Шаќири, Трајко Вељаноски, Јохан Тарчуловски, Крсто Мукоски и Борис Змејковски, а заменици се Горан Мисовски, Хари Локвенец, Сашко Атанасов, Мирсада Емини – Асани, Владимир Ѓорчев, Невенка Стаменковска, Никола Попоски и Зоран Ѓорѓиевски.

Комисијата е должна да го разгледа известувањето и во рок од два дена да го достави извештајот до претседателот на Собранието. Врз основа на извештајот на Комисијата, Собранието најдоцна во рок од три дена од добивањето на барањето за притвор на пратеникот одлучува по барањето. За одземање на имунитетот на пратеникот потребно е просто мнозинство.

По известувањето за притворање пратеник, кој не се повикал на имунитет, Собранието може да одлучи да се примени имунитет над пратеник, ако тоа е потребно за вршење на функцијата пратеник.

Шестмина пратеници се меѓу 36 лица кои Основното јавно обвинителство ги гони за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, во врска со настаните од 27 април годинава во Собранието на Република Македонија.

Притвор за петмина, двајца во домашен притвор

Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, донесе решенија со кои за О.П., О.Р., И.Д., М.П. и М.Ч. го прифати предлогот на обвинителството и им определи мерка притвор во траење од 30 дена,

За лицата Е.Б. и С.М., судијата не го прифати предлогот за определување мерка притвор, а како мерка за обезбедување присуство им определи мерка куќен притвор.

За останатите лица, за кои се уште не е завршено сослушувањето, по донесено решение на судија на претходна постапка во однос на предлогот на обвинителството, јавноста ќе биде информирана денеска преку соопштение.

 

Полицијата по наредба на ЈО вчера утро го приведе поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков.

Освен него, беа приведени и пратениците кои ги отворија вратите на Собранието, како и дел од организаторите на протестите, Крсто Муковски, Сашо Василевски, Жаклина Пешевска, како и поранешниот директор на МОБ Игор Дурловски, актерите Владо Јовановски и Борис Дамовски, Богдан Илиевски, Горан Ангелов Ќосето кои се само дел од приведените.

Истрага против 36 лица

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција информираше дека е отворена истражна постапка против 36 лица вмешани во крвавите настани од упадот во законодавниот дом.

– По разгледување и анализа на прибраниот доказен материјал, ОЈО за гонење организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 36 лица поради основано сомнение за сторено кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од Кривичниот законик, наведе ОЈО.

Чавков за време на настаните во април раководеше со оперативниот штаб на МВР. Од пониските структури од МВР тој беше посочен дека два часа не давал наредба за дејствување на полицијата, со што го довел во опасност животот на пратеници и новинари.

Најмалку десет години затвор предвидува член 313 од Кривичниот законик на РМ за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Обраќање на Иванов

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во синоќешното обраќање до јавноста порача оти треба да има одговорност за немилите настани од 27 април, но како што кажа, одговорноста не смее да се генерализира, мора да се почитуваат човековите права и презумпцијата на невиност, и да се внимава на квалификациите на кривичните дела.

– Ја поддржував и сега ја поддржувам граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ која повеќе од два и пол месеци, на мирен и достоинствен начин ја искажуваше грижата за националните интереси на Република Македонија. Граѓаните кои се сплотија и ја демонстрираа идејата за заедништво не се и не можат да бидат третирани како терористичка организација, истакна Иванов.

Груевски побара ослободување на приведените

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски оцени дека приведувањето на лицата за насилствата во Собранието на 27 април е политички прогон и побара нивно итно ослободување.

– Ова е последниот чин на пресметка со слободно мислечкиот Македонец и граѓаните кои се одважија да кажат став за разградувањете на државата против тиранската платформа, а против насилието на власта. Против секој кој мисли македонски и се грижи за  националните интереси. Во прашање е државата. Ова не е правда, веќе законите и Уставот не важат, ова е заробена држава, рече Груевски.

Протести пред Кривичен

На негов повик вчера попладне пред судот почна протест, на кој се собраа околу 150 лица, кои мирно протестираа, извикувајќи „Македонија, Македонија“ и „Слобода, слобода“ и бараат судот да ги ослободи приведените.

Имаше помали инциденти со новинарски екипи.

Претседателот Иванов, ноќеска во неговиот кабинет одржа средба со премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Тема на разговор, како што соопшти кабинетот на Иванов, беа актуелните случувања и можните решенија за излез од актуелната состојба на напнатост во државата што предизвикува загриженост кај граѓаните.

– Целта на средбата беше да се поттикне помирување и нормализирање на политичките процеси во Република Македонија Присутните на средбата се согласија разговорите да продолжат и во иднина, стои во соопштението.

27.април имунитет Комисија за мандатно имунитетни прашања пратеници седница
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

ВЕСТИ June 16, 2026

Или да се повлече целиот Предлог-закон или излегуваме на генерален штрајк, се слушнаа најави на…

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

June 16, 2026

Институт Ројтерс: За прв пат социјалните мрежи прераснаа во доминантниот извор на вести во светот

June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.