Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Софија: Чекаме одговор од Скопје – Бугарија им го претстави планот за Коридорот 8 на амбасадорите на ЕУ и НАТО

0
By Zoran Ivanov on April 14, 2025 ВЕСТИ, РЕГИОН, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 14, 2025 17:53

Бугарија е целосно подготвена да потпише договор со Република Северна Македонија и да започне со копање на граничниот железнички тунел што е можно поскоро, изјави бугарскиот министер за транспорт и комуникации, Гроздан Караџов, кој заедно со министерот за регионален развој и јавни работи Иван Иванов и министерот за одбрана Атанас Запријанов ги презентираа плановите за развој на Коридорот 8 пред амбасадорите на ЕУ и НАТО.

На настанот присуствуваа и претставници на Европската комисија, Националната компанија за железничка инфраструктура и Агенцијата за патна инфраструктура.

Вицепремиерот Караџов даде детални информации за железничките проекти на бугарска територија по Коридорот 8 и истакна дека прекуграничниот тунел помеѓу Бугарија и Северна Македонија не е само физичка врска помеѓу двете земји, туку и можност за непречено движење од Јадранското до Црното Море.

Чекаме одговор и коментари од Скопје за предложениот договор со цел да се испланира експертски состанок за да се разговара за него, нагласил Караџов.

Тој изрази подготвеност дека доколку Македонија нема забелешки во врска со документот, тогаш неговото потпишување ќе биде организирано веднаш. Според него, Бугарија може веднаш да започне со изградба на делницата која недостасува од 2,4 километри од Ѓуешево до границата, но прво мора да се изгради објектот на тунелот, информираат од Министерството за транспорт.

Бугарскиот министер за регионален развој и јавни работи Иван Иванов повика на забрзување и концентрирање на напорите за спроведување на проектот.

Секојдневните проблеми со кои се соочува нашата влада бараат големо внимание и итен одговор. Во исто време, сепак, не треба да го изгубиме фокусот на стратешките цели кои можат да ги одведат нашите земји на друго ниво. Тоа е темата со Коридорот 8, рече Иванов.

Развојот на основната инфраструктура, вклучувајќи ја и железничката врска со Република Северна Македонија, според бугарскиот министер за одбрана Атанас Запријанов е од особено значење за Бугарија и треба да се направи се што е можно за да се постигне видлив напредок во краток временски период.

Воената мобилност е приоритет за нас. Бугарија го поддржува понатамошниот развој на воената мобилност не само како водечки проект за соработка меѓу НАТО и ЕУ, туку и за зголемување на улогата на регионалната безбедност преку подобра поврзаност на европскиот контингент, додаде Запријанов.

 

ЕУ инвестиции НАТО Скопје Софија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.