Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Соочени сме со ковид бран посилен од првиот, вели Филипче

0
By Нова ТВ on June 25, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: medpagetoday.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 25, 2020 16:19

Нашата земја во моментот се соочува со нов бран на вирусот посилен од првиот што дојде како последица на олеснување на рестрикциите, но повеќе како последица на серија настани, семејни собири и прослави на кои не се почитуваа препорачаните мерки за носење на заштитна маска, за одржување на дистанца и дезинфекција и често миење на рацете. Ова го истакна министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција на која, сепак, потенцира дека здравствениот систем е целосно прилагоден на новата состојба.

„Но, тоа што е најважно е поддршката од граѓаните, целосното почитување на мерките и солидарноста. Ако ова го имаме, многу брзо ќе ја надминеме оваа состојба. Сега кога во целост постепено се враќаме кон редовните животни активности повеќе од кога било е важно сите да дадеме свој придонес во спречување на ширење на вирусот. Сите сме заедно во оваа битка и секој еден од нас е важен“, посочи Филипче на прес-конференцијата.

Светската здравствена организација (СЗО), нагласи Филипче, е наш стратешки партнер генерално во многу сегменти во здравството, а уште повеќе сега откако и ние се соочуваме со овој голем светски здравствен предизвик.

„Претставничката на СЗО во Скопје, Џихан Тавила сите овие четири месеци дава огромна подршка на нашиот систем во справување со вирусот за што сакам да изразам голема благодарност. Локалната канцеларија на СЗО е во секојдневна комуникација со Министерството за здравство, со членовите на Комисијата за заразни болести, како и со многу други чинители во овој процес. Оваа поддршка во консултации, препораки, донации која ја добиваме од СЗО освен тоа ни одава и признание за напорите, трудот, неуморната работа на здравствените работници, институциите и власитер во справување со вирусот“, рече Филипче.

Уште кога кон крајот на јанари СЗО прогласи вонредна состојба, посочи министерот, ја интензивиравме оваа наша меѓусебна комуникација, ги преземавме сите мерки и препораки кои ги издаде институцијата и го подигнавме нивото на будност на повисоко ниво дури и пред да го регистрираме првиот случај во нашата земја.

„Во периодот кој следеше воведувавме димензионирани мерки со цел да го заштитиме здравјето на граѓаните и да го амортизираме ударот кон нашиот здравствен систем. Редовно информираме за статистиката, во континуитет споделуваме препораки и други важни информации, за да ја подигнеме свеста во заедницата за вирусот, неговото присуство и мерките за заштита на граѓаните“, додаде Филипче.

бран Венко Филипче Здравствен систем Коронавирус мерки СЗО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Брифинг на ЦИВИЛ за „војната во сенка“ – ескалација на нападите врз системите за поддршка на Украина

October 16, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Брифинг на ЦИВИЛ за „војната во сенка“ – ескалација на нападите врз системите за поддршка на Украина

October 16, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.