Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Соочување на Села со тепачите – ќе сведочи како сакале да го убијат

0
By Нова ТВ on February 19, 2018 ПОЛИТИКА
Фото сдк.мк (Архива)
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Кривичниот суд денеска треба да сведочи Зијадин Села, лидерот на Алијансата за Албанците, за обидот за убиство во насилството во Собранието на 27 април.

Тој денеска  во судницата ќе се соочи со десетмината обвинети за обидот за негово убиство. Села е трет сведок кој како оштетен треба да се појави пред судот.

Минатото судско рочиште траеше седум часа, а беа испрашани двајца сведоци. Првиот сведок во случајот, Орданче Соколовски, кој е вработен во фирмата што ги поставувала камерите во Собранието, рече дека ги вадел снимите од камерите на 28 април, во присуство на инспектори од МВР кои имале налог од Обвинителството.

Тој рече дека не ги гледал снимките, затоа што ги зеле инспектори од МВР. Вториот сведок ја смени изјавата и даде спротивен исказ од оној даден во истрагата за тоа што видел во Собранието на 27 април лани. Обвинителот Јакимовски по ова побара и доби дозвола од судот да го потсети сведокот што сведочел во истрагата.

На обвинителната клупа повторно ќе седнат обвинетите Оливер Ошавковски, Сашо Сенков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски-Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов, Стојан Павлески – Кобра, како и Кире Ѓоргиевски и неговиот татко. Последните двајца беа уапсени во мај лани, како осомничени за физички напад и влечење на Села кој потоа во критична состојба заврши во болница.

Како што изјави обвинителот на едно од минатите рочишта, единствена причина поради која Села преживел, е што тепачите мислеле дека е веќе мртов.

Адвокатот на Села на минатото рочиште рече дека од обвинетите бараат 500.000 евра – материјални трошоци за лекување и нематеријални за претрпената физичка и душевна болка и повреда на личниот интегритет.

https://www.facebook.com/AlsatMTelevision/videos/463017257367834/

27.април обвинети обид за убиство сведочење Села Суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.