Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Создадени се услови за Кривичен да им одреди притвор на пратениците

0
By Нова ТВ on December 1, 2017 ПОЛИТИКА
фото: Нова Македонија
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Откако Собранието едногласно изгласа да им се одземе имунитетот на пратениците Крсто Мукоски, Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска, Љубен Арнаудовски, Љупчо Димовски и Сашо Василевски, создадени се услови судот да одлучи по однос на предлогот за одредување мерка притвор. Каква ќе биде одлуката ќе зависи од судиите на претходна постапка на кои се доделени распитите на пратениците, дознава НОВА од извори во судот.

Оттаму не откриваат дали веќе се обезбедени осомничените пратеници за насилствата во Собранието на 27.април, иако според законот, кога се работи за одлука за притвор, тие веднаш треба да бидат донесени во Кривичниот суд.

Пратениците од владејачкото мнозинство, без присуство на опозицијата, денеска го одобри барањето за одобрување притвор на пратениците поднесено од Основен суд Скопје 1 од Одделот за организиран криминал на 28 ноември.

Претседателот на Собранието Талат Џафери веднаш по завршувањето на денешната седница ги потпиша одлуките за симнување на имунитетот на шестмината пратеници од коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и тие се веќе проследени до Кривичниот суд.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ пред почетокот на седницата, соопшти дека нема да учествува, нарекувајќи ја „политичка фарса, чија единствена цел е реваншизам, сеење омраза и уништување на сите оние кои што мислат различно“.

„Желбата на СДСМ е да имаат апсолутна и неконтролирана власт во Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ ги разгледува сите возможни опции за да се спротивстави на ова безумие и да се стави во заштита на луѓето кои неправедно се дел од политички монтирани процеси без разлика дали тоа се пратеници, официјални лица или обични граѓани, чии единствен грев е што се дрзнале врз основа на својата совест и убедување да се спротивстават на политиките на СДСМ“, наведе во соопштението Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Со тоа заврши постапката предвидена со Деловникот на Собранието и Уставот за симнување на пратеничкиот имунитет.

Пратениците беа донесени на распит кај судија на претходна постапка на 28.ноември.

имунитет Кривичен суд пратеници притвор судија на претходна постапка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.