Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски, Османи, Филипче и Адеми во изолација во домашни услови

0
By Нова ТВ on April 16, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: kumanovo.gov.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 16, 2020 14:41

Премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи, министрите за здравство, односно образование, Венко Филипче и Арбер Адеми како и Владимир Милошев, државен секретар во министерството за здравство, се повлекуваат во домашна изолација. Ваквата нивна одлука доаѓа по информацијата дека градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, со кој вчера имаа состанок во општинската зграда, е позитивен на ковид-19.

Вицепремиерот за европски прашања во Владата, Бујар Османи на својот Фејсбук профил објави дека се повлекува во самоизолација до вторник кога, според протоколите, ќе се подложи на тестирање за коронавирус. Од таа причина тој го откажа учеството и на денешната седница на Советот за безбедност кај претседателот Стево Пендаровски.

Османи, заедно со премиерот Оливер Спасовски, министрите за здравство, односно образование, Венко Филипче и Арбер Адеми и претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски вчера присуствуваа на состанок во Куманово на кој, со тамошниот Кризен штаб, се разгледуваше ситуацијата со коронавирусот во Општината.

„Иако цело време бев носев маска и ракавици што според епидемиолозите е доволно за заштита, речив да не присуствувам на седницата на Советот за безбедност кај Претседателот и да се повлечам во самоизолација до вторник кога, според протоколот, треба да биде направено тестирање. На градоначалникот на Куманово и на сите заболени лица им посакувам што поскоро закрепнување, но и сите заедно што поското да излеземе од оваа ситуација“, напиша Османи на Фејсбук.

Филипче: Од денеска сум во домашна изолација

И министерот за здравство Венко Филипче се огласи преку Фејсбук со објава дека ќе биде во домашна изолација, откако кај кумановскиот градоначалник со кого имаше контакт вчера е потврдено присуството на коронавирусот.

„По информацијата дека градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кој вчера одржа состанок на кризниот штаб на Куманово на кој присуствував и јас, е позитивен на ковид-19, од денеска ќе бидам во домашна изолација. На состанокот ги почитував сите протоколи за заштита и носев заштитна опрема исто како и останатите присутни. Ги очекувам епидемиолозите од Институтот за јавно здравје кои освен со мене, ќе направат епидемиолошки анкети и со сите други функционери во Владата кои вчера беа присутни на состанокот. До добивање на епидемиолошка проценка на ризикот и насоки за понатамошно постапување останувам во изолација“, напиша Филипче.

Работата на Министерството за здравство, како што информира Филипче, продолжува непречено да се одвива, а тој преку онлајн платформи ќе остане во редовна комуникација со Комисијата за заразни болести и со сите останати инволвирани во процесот.

„Ние го имавме предвид и се подготвуваме и за ова сценарио. Работата на Министерството за здравство продолжува да се одвива непречено, а јас и од изолација останувам во редовна комуникација со Комисијата за заразни болести и сите останати инволвирани во овој процес и продолжувам да ги координирам сите процеси во справување со кризата. Како и досега, Министерството за здравство редовно и навремено ќе информира за состојбата со коронавирусот во земјата, а моите прес конференции ќе ги правам преку достапните онлајн платформи за оваа намена. Во текот на денот ќе се воспостави техничка можност за ова за да нема застој во однос на информирањето“, вели Филипче во Фејбук статусот.

Арбер Адеми Бујар Османи Венко Филипче Коронавирус Оливер Спасовски Самоизолација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.