Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сведок за „27 април“: Влегов во Собрание за да бидам виден од луѓе од партија

0
By Нова ТВ on May 13, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: slobodnaevropa.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 13, 2020 15:53

Антонио Кочков беше вториот денешен сведок, покрај премиерот Оливер Спасовски, во рочиштето за упадот и насилствата во Собранието на 27 април во 2017 година. Како член на ВМРО-ДПМНЕ и вработен во ЈП „Државни патишта“, тој даде исказ за настаните во денот познат и како „крвавиот четврток“. Истакна дека на протестите под мотото „За заедничка Македонија“ учествувал 10 до 15 пати, а за координација на активностите (кога и каде) служела група на Вибер.

Зборното место пред протестот на 27 април, како што рече, било пред Музејот на ВМРО, но тој не присустувал. Истакна оти не знаел кој ги дава насоките за кого или кои рече „некои поглавни од мене“ кои биле поупатени во ситуацијата.

„Пред Музејот на ВМРО тој ден не бев, како и на протестот. Пред Собранието пристигнав, откако беше извршен упадот. Вратите беа отворени и влегов внатре. Бев во холот, а потоа и во салата во која се одржуваат седници. Имаше луѓе од партија кои мораше да ме видат, бидејќи ми помогнаа при вработувањето, па моето присуство требаше да биде како благодарност. Бидејќи беше топло и ме видоа, па сакав да си одам и на одење рекоа дека некои може да останат во пленарната сала, а некои може да одат во друга просторија во која беа пратениците од новото мнозинство“, рече Кочков во дел од денешното сведочење во Кривичниот суд.

Запрашан кој е тој што требало да забележи негово присуство во Собранието, тој одговори дека имало луѓе од партијата кои му помогнале од инкасатор да се врати на работа во Дирекција и дека во Собранието влегол за да биде виден и за да се заблагодари, но и бидејќи ги поддржувал протестите. Притоас сведочеше оти „не знае дали ВМРО-ДПМНЕ го организирала протестите, но знае дека партијата јавно ги поддржувала“.

Пред Кочков, во својство на сведок за „27 април“ во Кривичниот суд денеска се појави и техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Наредното рочиште за случајот е закажано в петок, кога ќе сведочи пратеникот Весел Мемеди и Стефан Младеновски, кој беше обвинет во претходниот случај за 27 април, но потоа доби амнестија. Под обвинение за организацијата на случувањата од 27 април во 2017 година се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

27.април Антонио Кочков Кривичен суд сведочење Собрание упад
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.