НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Светска банка: С. Македонија ќе влезе во рецесија поради пандемијата на ковид-19

0
By Нова ТВ on April 29, 2020 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Фото: seenews.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Според Регионалниот економски извештај (РЕИ) што Светската банка го објави денеска, Северна Македонија се очекува да влезе во рецесија во 2020 година со прогноза за негативен раст на земјата додека и натаму се соочува со економските влијанија на пандемијата на вирусот ковид-19. Растот во земјата за оваа година, според документот, се прогнозира да биде меѓу -1,4 и -3,2 проценти при што се дава основно и неповолно сценарио во однос на високата несигурност што ја носи пандемијата.

„Во основното сценарио се претпоставува дека епидемијата во Европа ќе почне да забавува доволно брзо за мерките за ограничување да бидат укинати до крајот на јуни и во втората половина на 2020 година да може да почне постепено закрепнување. Неповолното сценарио претпоставува дека епидемијата опстојува и мерките за ограничување може да се укинат дури на крајот на август, а економската активност да се врати дури во последниот квартал на 2020 година“, е наведено во извештајот.

Регионот на Западен Балкан се очекува да влезе во рецесија во 2020 година, при што се предвидува сите шест држави дека ќе имаат негативен раст, бидејќи тие продолжуваат да се справуваат со економските влијанија на ковид-19 пандемијата. Регионалниот раст во регионот на Западен Балкан се предвидува да биде меѓу -3 и -5,6 проценти.

„Интензитетот на рецесијата зависи од траењето на пандемијата во Европа. Иако е тешко да се предвиди економското влијание на тековната пандемија во регионот, нема дилема дека оваа пандемија предизвикува штети врз животот во регионот, главно погодувајќи ги здравствените системи, парализирајќи ја економската активност и поткопувајќи ја добросостојбата на луѓето“, вели Линда Ван Гелдер, директорка во Светска Банка за Западен Балкан.

Таа додава дека на среден рок, во регионот се очекува забрзување на растот со постепеното враќање на економската активност во нормала, но тоа зависи и од должината и од интензитетот на тековната криза, како и од тоа какви чекори ќе преземат креаторите на политиките за справување со оваа пандемија.

Според извештајот на Светска банка, рецесијата во Северна Македонија, како и во сите земји на Западен Балкан ќе биде предизвикана од значителниот пад како на домашната, така и на надворешната побарувачка во текот на пандемијата. Преработувачката индустрија, заедно со туризмот, трговијата и недвижностите се најлошо погодени, а економијата се соочува со намалување во вториот квартал за дури 11,5 проценти.

И ограничувањето на патувањата и мерките за социјално дистанцирање имаат негативно влијание врз услугите кои сочинуваат околу 50 отсто од вкупната вработеност во земјата. Се предвидува и намалување на дознаките од странство, бидејќи работниците во дијаспората ги губат своите работни места во земјите каде што работат или имаат пониски приходи.

Главниот ризик за сите земји во Западен Балкан е дека продолжената пандемија, како и подлабоката рецесија во Европската Унија, би можеле да предизвикаат тешко контролирање на оваа економска криза.

„Брзи, храбри и внимателно обмислени мерки за ублажување можее да ги ограничат социјалните и економските влијанија на кризата, но тие треба да ги земат предвид условите во земјата и несигурноста околу должината на траење на кризата. Северна Македонија веќе издвои околу два процента од вкупниот БДП за поддршка на домаќинствата и бизнисите, но може да биде потребно повеќе, доколку пандемијата и натаму ја забавува економската активност во земјата и регионот. Плановите за членство во НАТО и почнувањето на преговорите за пристапување во ЕУ би требало да ги поттикнат како реформите, така и довербата на инвеститорите, трасирајќи го патот за побрзо економско закрепнување откако ќе заврши кризата“, се вели во извештајот.

Во него се вели дека објавените краткорочни мерки се неопходни и усогласени со одговорите на политиките во земјите на ЕУ.

„Меѓутоа, повеќе луѓе во Западен Балкан зависат од самовработување, работа на определено време и од приходи од неформални активности. Овие групи се ранливи од кризата, но тешко е да се поддржат преку конвенционалните мерки. До средината на 2020 година, Северна Македонија треба да остане фокусирана на справување со пандемијата обезбедувајќи медицински материјали и кадри, воведувајќи мерки за ограничување за да се забави ширењето на вирусот и да се намали оптоварувањето на здравствениот систем. Истовремено, земјата треба да се стреми кон фискална стабилност, да обезбеди пристап до финансии и да ги заштити луѓето и бизнисите“, се нагласува во извештајот.

Според документот, дополнителна поддршка – добро прилагодена на локалниот контекст – може да биде потребна за да се поддржат ранливите групи во земјата.

„Имајќи ја предвид несигурноста околу траењето на кризата, креаторите на политиките во Северна Македонија и насекаде се соочуваат со дилема – искористувањето на целокупниот расположлив фискален простор за ублажување на директните влијанија може да биде многу неефикасно ако кризата потрае. Поради тоа, политиките треба да се калибрираат за да се ублажат директните влијанија, да се изврши прилагодување на новата реалност што може да се појави и да се остави простор економијата да се подготви за закрепнување“, стои во извештајот.

Извештајот се фокусира на макроекономските влијанија на ковид-19 во земјите од Западен Балкан, утврдувајќи ги условите за дополнителна анализа. Серија белешки на Редовниот економски извештај што ќе се однесуваат на влијанијата врз конкретни економски области, социјални сектори и врз сиромаштијата и дистрибуцијата на приходите во регионот ќе биде објавена преку електронски настан во мај.

економија Извештај Коронавирус Македонија Рецесија Светска банка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.