Browsing: Аргентина

Ова го тврди Ернесто Кастилјо, спортски коментатор во земјата на „гаучосите“. Според него, ѕвездата на Барселона нема донесено одлука за дефинитивен крај на кариерата во националниот туку решил само да „олади глава“

На отворањето на топ 16 фазата на мундијалот во Русија, „триколорите“ подобри од „гаучосите“ со 4:3) и на 6 јули во Нижни Новгород го чекаат подобриот од вечерашната пресметка меѓу Уругвај и Португалија

„Гаучосите“ не сакаа да препуштат ништо на случајот во подготовките за дуелот со „триколорите“ и на последниот тренинг во репрезентативната база шутираа и пенали. Првиот осминафинален меч на СП 2018 е попладнево (16 ч.) на „Казањ арена“ во Казањ

Победничкиот гол против Нигерија за мундијалски опстанок на двократниот светски шампион беше дело на Маркус Рохо во 86. минута, откако Меси обезбеди водство за јужноамериканската селекција во 14 минута што го поништи Мозес од пенал во 51. минута. Со 2:1 и Хрватска го совлада Исланд. „Коцкестите“ во топ 16 фазата ќе играат против Данска, нареден ривал, пак, за Аргентинеците е Франција

Исланѓаните, според спроведениот попис од 2016 година, се точно 334.252 житела, а само мал број од нив, односно 0,4 отсто, не беа крај малите екрани за време на настапот на нивните миленици против Лионел Меси и компанија во саботата на „Откритие арена“ во Москва

Погодокот на Агеро во 19. минута го поништи Финбогасон во 23. минута и резултатот до крај остана непроменет. Меси не реализира пенал во 64. минута. Ударот од белата точка на ѕвездата на Барселона го одбрани Халдорсон

Ѕвездата на Барселона веќе има едно повлекување зад себе. Се збогува со националниот тим по поразот на пенали од Чиле во финалето на Копа Америка во 2016 година меѓутоа подоцна се предомисли и повторно се стави на располагање на стручниот штаб

Фудбалскиот волшебник на „гаучосите“ и на Барелона ќе стапи во брак со Антонела Рокузо, девојка што ја познава од петтата година во животот. Двојката е во врска од 2008 година и досега ги имаат четиригодишниот Тијаго и Матео кој во септември ќе прослави втор роденден. Забавата ќе се одржи во казиното „Сити центар“ во градскиот кварт Ла Гранада што важи во „владение“ на еден од најозлогласените нарко-картели во земјата