Комплетирано второто коло во групите Б и Д: Шведска ја разнесе Аргентина

Европската селекција ја „замрзна“ јужноамериканската на -15 (31:16) во последниот меч од второто коло во групата Д, Шпанија лесно излезе на крај со Исланд (32:24) во вечерниот термин во групата Б во која игра и Македонија

На репрезентативно „ладење“: Аргентина без Меси до крај на 2018 година

Ова го тврди Ернесто Кастилјо, спортски коментатор во земјата на „гаучосите“. Според него, ѕвездата на Барселона нема донесено одлука за дефинитивен крај на кариерата во националниот туку решил само да „олади глава“

Аргентина овојпат не се извлече: Франција прв четвртфиналист (Видео)

На отворањето на топ 16 фазата на мундијалот во Русија, „триколорите“ подобри од „гаучосите“ со 4:3) и на 6 јули во Нижни Новгород го чекаат подобриот од вечерашната пресметка меѓу Уругвај и Португалија

Сампаоли: Аргентина ќе игра против Франција како со „жилет во уста“

„Гаучосите“ не сакаа да препуштат ништо на случајот во подготовките за дуелот со „триколорите“ и на последниот тренинг во репрезентативната база шутираа и пенали. Првиот осминафинален меч на СП 2018 е попладнево (16 ч.) на „Казањ арена“ во Казањ

Don’t cry for us Argentina: „Гаучосите“ во осминафинале на СП (Видео)

Победничкиот гол против Нигерија за мундијалски опстанок на двократниот светски шампион беше дело на Маркус Рохо во 86. минута, откако Меси обезбеди водство за јужноамериканската селекција во 14 минута што го поништи Мозес од пенал во 51. минута. Со 2:1 и Хрватска го совлада Исланд. „Коцкестите“ во топ 16 фазата ќе играат против Данска, нареден ривал, пак, за Аргентинеците е Франција

Податок за Гинис: Цел Исланд го гледаше мечот со Аргентина на СП 2018

Исланѓаните, според спроведениот попис од 2016 година, се точно 334.252 житела, а само мал број од нив, односно 0,4 отсто, не беа крај малите екрани за време на настапот на нивните миленици против Лионел Меси и компанија во саботата на „Откритие арена“ во Москва

Прв шок на СП 2018: Исланд ја запре Аргентина, Меси трагичар (Видео)

Погодокот на Агеро во 19. минута го поништи Финбогасон во 23. минута и резултатот до крај остана непроменет. Меси не реализира пенал во 64. минута. Ударот од белата точка на ѕвездата на Барселона го одбрани Халдорсон

Меси: Ако не го освоиме СП во Русија се повлекувам од репрезентацијата

Ѕвездата на Барселона веќе има едно повлекување зад себе. Се збогува со националниот тим по поразот на пенали од Чиле во финалето на Копа Америка во 2016 година меѓутоа подоцна се предомисли и повторно се стави на располагање на стручниот штаб