Browsing: Барселона

Реакцијата од Ла Лига е без легална основа за спречување на трансферот бидејќи е исполнет услов од договорот, но, сепак, се решија да стават вето и најавија жалба до УЕФА за прекршување на финансискиот фер-плеј од францускиот клуб

Нејмар во Париз се чека за потпис на договор до 2022 година вреден 150 милиони евра или 30 милиони по сезона. Со тоа, Бразилецот ќе стане најскап играч во историјата на фудбалот и „дебело“ ќе го надмине Пол Погба кој минатото лето се пресели од Јувентус во Манчестер јунајтед за 105 милиони евра

Каталонците ја објавија и висината на откупната клаузула за аргентинскиот фудбалски волшебник. Па, ако некој изрази желба да им го украде пред истек на договорот, ќе мора да изрази и подготвеност да плати 300 милиони евра