Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Алтафаж: Барселона очекува медијаторство на ЕУ во дијалогот со Мадрид

1
By Светлана Јовановска on October 2, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 2, 2017 11:19

Каталонија очекува конструктивна реакција од ЕУ и европско медијаторство за отворање дијалог помеѓу Мадрид и Барселона, изјави денес за белгиското радио претставникот на каталонскиот регион во Брисел Амадео Алтафаж.

“Она што го направи шпанскиот премиер Мариано Рахој со наредбата за насилство во Каталонија е срамота за целата ЕУ. Каталонците денес се чувствуваат уште подалеку од државата која прави репресија врз нив без оглед на нивниот став за независноста. Денес Каталонците чувствуваат болка поради овие напади на безбедносните сили испратени од Мадрид врз граѓаните кои сакаа гласаат”, вели Алтафаж.

Желбата на Каталонија да биде независна не е од вчера но на оваа тема малку се знае а во ЕУ засега владее тишина во однос на ова прашање. Според Алтафаж, Каталонија со години бара да дијалог за шпанската влада но досега не успеала да добие задоволителен одговор. За Каталонците, најдобро би било ЕУ да биде посредникот во разговорот помеѓу Мадрид и Барцелона:

“Ние веќе 7 години бараме да седнеме на маса и да разговараме. Oд другата страна наидуваме на систематско одбивање за политички дијалог и тоа доведе до поларизирање на ставовите кое денес е поголемо од кога и да е досега. Ние рековме дека сме подготвени во секое време да седнеме на масата на дијалогот и преговарањето. А ако тоа не може да биде направено билатерално, ние сме отворени и за посредување од трета страна и ние посакуваме тоа да биде европско медијаторство”, изјави каталонскиот претставник во Брисел.

Тој додаде дека дошле први реакции од Белгија, Словенија и Литванија а рече дека и Ангела Меркел му се јавила на Рахој да му каже дека насилството не е добра опција.

“Нас не интересира контруктивниот став на ЕУ. Ако Европа не е способна да има конструктивна реакција во ситуација на нарушување на граѓанските права на Каталонците, тоа ќе значи дека ЕУ има проблем со фундаменталните права. Не бараме од ЕУ да се меша туку да бдее врз европските повелби и тоа членот 2 од Повелбата на ЕУ за фундаменталните права и само предупредување на ЕУ до Мадрид поради преголемата употреба на сила. Стравувам дека Мадрид ова молчење на ЕУ институциите ќе го протолкува како зелено светло за насилство и судска репресија”, додава Алтафаж.

На вестите дека Каталонија се спрема да прогласи независност оваа недела по резултатот од референдумот Алтафаж вели дека престедателот на Каталонија Пучдемон ќе го констатира резултатот и ќе извлече политички заклучоци пред каталонскиот парламент:

“А тоа е јасната волја да се стане држава. Претседателот вчера изјави дека Каталонија го доби правото да биде почитувана а нејзината политичка волја мора да биде земена во предвид. Каталонија има право да одлучува за нејзината иднина и да се огради од една држава која не е повеќе во служба на своите граѓани”.

Амадео Алтафаж Барселона ЕУ Каталонија Мадрид медијаторство Пудчемон Рахој референдум
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.