Browsing: Договор

Во малото населено место Нивици на грчката страна на Преспанското Езеро точно пред две години шефот на македонската дипломатија Никола Димитров и поранешниот грчки министер за надворешни работи Никос Коѕијас ги ставија своите потписи на Преспанскиот договор.Со решавањето на спорот со Грција се одблокираа интегративните процеси на земјава во НАТО и Европската унија. Македонија согласно договореното се преименува во Република Северна Македонија, државјанството стана македонско/државјанин на Република Северна Македонија, а јазикот македонски

Претседателот на Собранието во заминување, Талат Џафери, пак, оцени дека дополнителните две недели вонредна состојба кои почнуваат денеска, се доволни за постигнување консензус и апелира лидерите на партиите да седнат и да се договорат. Тоа, според Џафери, е нивна обврска и одговорност

Како причина за тоа, како што наведуваат од владината прес-служба, е наведено дека концесионерот и по четири години од склучување на договорот немал поднесено барање со целосна неопходна документација за издавање на дозвола за експлоатација на минерални суровини

Покрај Манасков, кој во јануари го очекуваат настапи со македонската репрезентација на ЕП 2020, во Веспрем остануваат и Србинот Петар Ненадиќ и Словенецот Гашпер Маргуч кои, исто така, ќе бидат во ростерот на унгарскиот великан во наредните две и пол години