Browsing: ЕУ

Навремено плаќање на комуналните услуги претставува проблем за една третина или 36 отсто од гршките домаќинства, покажува новото годишно истражување на јавното мнение на ЕУ за приходите и условите за живот (EU-SILC). На второ место е Бугарија со 30 отсто од домаќинствата кои не се способни навремено да ги плаќаат своите сметки во последните 12 месеци

Како приоритет на реформски план, Верхеји го истакна  донесување на нов закон за јавно обвинителство. Очекуваме, рече тој, законот да биде донесен од овој парламент, пред изборите во април. Вархеји, вели дека Европската комисија останува на оценката дека Северна Македонија и Албанија се подготвени за почеток на пристапните преговори

Актуелните состојби во Република Северна Македонија, како и аспирациите на земјата за членство во Европската Унија бea теми на разговор на денешната средба на претседателот Стево Пендаровски со комесарот за соседска политика и преговори за проширување на ЕУ, Оливер Вархеји кој допатува во еднодневна посета на Скопје

Идниот извештај на Европската комисија и предлозите за подобрување на методологијата за процесот на преговорите ќе бидат важни, вели премиерот на Хрватска која претседава со ЕУ

За Северна Македонија, по речиси 15 години кандидатски статус и со десет последователни препораки на Европската Комисија за отворање преговори за членство, земјите-членки на ЕУ успеаја да се договорат дека на прашање ќе се навратат во 2020 година

На состанокот на Мешовиот парламентарен комитет РСМ – ЕУ што изминатите два дена се одржуваше во Стразбур е оддадено признание на земјава за постигнатите резултати и посочени се областите каде што е потребен напредок

Дури 59 отсто од младите сметаат дека на луѓето со поинаква сексуална определеност – припадниците на ЛГБТ заедницата не им е местото во политиката, а 84 отсто од нив сакаат лидер со „цврста рака“, покажува истражувањето на Вестминстер фондацијата направена во соработка со Младинскиот образовен форум, а со поддршка на британската амбасада

Анализа на Центарот за демократски студии за влијанието на Русија и Кина на Балканот по неуспехот на ЕУ да испрати јасен сигнал за иднината на регионот