Browsing: финале

Во возбудливо финале во Кумамото, Холанѓанките ја совладаа Шпанија со 30:29 (полувреме 16:13) и за првпат во историјата освоија мундијалскио злато. Бронзениот медал го освои Русија чии ракометарки во „малото“ финале ја поразија Норвешка со 33:28

До втората титула во својата историја, „фуријата“ стигна по убедливата партија и победа против Аргентина со 95:75 во финалето на мундобаскетот. Со бронзата од Кина замина репрезентацијата на Франција која во мечот за третото место ја совлада Австралија со 67:59. Рубио го посвети златото на неговата мајка која почина пред три години, Гасол, пак, се придружи на Ламар Одом со шампионски прстен во НБА и светска титула во иста календарскка година. Најдобар стрелец на турнирот е Богдан Богдановиќ со вкупно 183 постигнати поени

Во финалето на 31. континентален турнир, избраничките на Зоран Терзиќ ги совладаа Турција со 3:2 (по сетови: 21:25, 25:21, 25:21, 22:25, 15:13) во меч пред преполната арена во Анкара и по ЕП 2011 и по ЕП 2017 го додадоа третото злато во досието, овојпат без загубен сет

Најдобрата македонска тенисерка во моментот и нејзината партнерка Кристина Дину од Романија ја поразија српско-шпанската комбинација, Олга Даниловиќ/Георгина Гарсија Перез со 4:6, 7:5, 10:7 во финалето на ИТФ турнирот во Германија што се играше за награден фонд од 60.000 долари