Browsing: финале

Алжир го совлада Сенегал со 1:0 во финалето на Купот на Африкански Нации во Египет за невидена еуфорија во земјата, но и судири со полицијата во неколку француски градови. Во текот на ноќта во Париз беа уапсени 102 лица од кои, според извештајот на Министерството за внатрешни работи, 86 завршија во притвор. Француските власти наведуваат дека низ целата земја биле уапсени 198 лица од кои 177 останале во притвор

Серена Вилијамс во шестиот настап во комплексот на „All England Club“ ја совлада Барбора Стрицова со 6:1, 6:2 за 11 финале во кариерата во Лондон во кое ќе атакува на седми трофеј или вкупно 24 на гренслем турнирите. Симона Халеп, пак, за првпат ќе игра во финале на Вимблдон во кое ќе брка втора гренслем титула по освоената на Ролан Гарос во 2018 година, откако во полуфиналето ` препушти само четири гема на Елина Свитолина од Украина (6:1, 6:3)

По пауза од 12 години, Бразилците успеаја до континенталниот трофеј по победата над Перу со 3:1 во финалето на култната „Маракана“ во Рио де Жанеиро. Стрелци за бразилската селекција беа Евертон во 15. минута, Габриел Жезус во екстра времето на првиот дел и Ришарлисон од пенал во 90. минута. Почесниот за цврстите Перуанци беше дело на Гвереро од белата точка во 44. минута

Американките кои го бранеа тронот во финалето го поразија актуелниот европски првак со 2:0 со погодоците на капитенот Меган Рафино во 61. минута од пенал и на Рос Лавели во 69. минута. Покрај погодокот, Рафино стана и највозрасна фудбалерка (34 години и два дена) со гол во финалните пресметки на мундијалите, а нејзината селекција го завршија настапот на турнирот во Франција со 26 гола што е рекорд на женските светски првенства

Младата селекција на „црвената фурија“ во финалето на турнирот во Италија ја совлада соодветната германска селекција со 2:1 и на најдобар можен начин ` се реваншира за поразот на ЕП 2017

Во финалето во базенот на СЦ „Ташмајдан“ во Белград, српските ватерполисти ги поразија хрватските колеги со 12:11 (по четвртини: 1:3, 5:2, 1:3, 5:3) со што воедно се пласираа на Олимписките игри во Токио во 2020 година. Хрватските медиуми известуваат за фер и коректна атмосфера во финалето пришто го нотираат и аплаузот од трибините по интонирање на нивната химна. Бронзениот медал го освои селекцијата на Австралија која во малото финале ја порази Шпанија со 11:10 (по четвртини: 3:1, 2:3, 4:4, 2:2)

Шпанецот во финалето го совлада Доминик Тим со 6:3, 5:7, 6:1, 6:1 за испишување на нова страница во историјата на „белиот спорт“. Тој е прв натпреварувач со 12 победи на еден турнир во машка и во женска конкуренција