Browsing: финале

Кливленд Кавалирс ќе игра во финалето на НБА плејофот, откако ноќеска во мајсторката од финалната серија на Истокот го победи…

И Португалецот и Египќанецот ќе истрчаат на Олимпискиот стадион во Киев со ефект од 44 гола во оваа сезона во сите натпреварувања. „Кралевите“ ќе атакуваат на 13. трофеј, за „црвените“, пак, е прв меч за титула по епскиот во Истанбул во 2005 година воп кој загубија од Милан на пенали. Шпанско-англиската пресметка за елитниот клупски трон на УЕФА е од 20.45 часот

Тренерот на Работнички е горд на постигнатото во домашната кошаркарска сцена во изминатите осум месеци. „Центарци“ го детронизираа МЗТ Скопје по 3:0 во финалната плеј-оф серија за 15. шампионска титула на клубот по осамостојувањето на Македонија, прва по пауза од девет години

Центарци пред малку во СЦ „Јане Сандански“ ги совладаа аеродромци со 76:75 (по четвртини: 18:21, 19:15, 25:26, 13:14) и со евентуален триумф во петок во Градски парк ќе стават печат на финалната серија за оваа сезона

Тетовци во финалето во Струмица го совладаа Пелистер со 3:0 за втор триумф во натпреварувањето, за одмазда за ланскиот пораз на пенали од битолчани, но и за прва двојна круна во клупската историја. Два погодока за „црвено-црните“ на стадионот „Младост“ вечерва постигна Висар Муслиу во 20. минута и во 72. минута, во меѓувреме (52. минута) во листата на стрелци се впиша и Бесарт Ибраими

Финалето е вечерва на стадионот „Младост“ во Струмица со почеток во 20 часот. И тетовци и битолчани ќе играат за титула во најмасовното натпреварување, „црвено-црните“ имаа една победа, „зелените“ од „Под Тумбе кафе“

„Кралевите“ во евролигашкиот меч за титулата за оваа сезона триумфираа над Фенербахче со 85:80 (по четвртини: 21:17, 17:23, 25:15, 22:25). Козер најефикасен во белградска „Штарк арена“ со 17 поени, Лука Дончич го понесе признанието за МВП на Фајналфорот. Бронзениот медал го однесоа кошаркарите на Жалгирис кои во „малото“ финале ја совладаа ЦСКА Москва со 79:77 (по четвртини: 22:19, 19:16, 28:13, 10:29)

Шпанскиот тенисер во финалето го совлада Александар Зверев со 6:1, 1:6, 6:3 за осма титула во италијанскиот главен град, но и за враќање на лидерската позиција на АТП листата. Утре почнува вториот гренслем во сезоната, Ролан Гарос

Популарните „јорганџии“ во 13. европско финале во клупската историја го совладаа Олимпик Марсеј со 3:0. Два гола за тимот на Диего Симеоне постигна Антоан Гризман (21. минута и 49. минута), третиот за потврда на победата на „Стад де Лион“ беше дело на Габи во 89. минута

Планираната прослава на Скопје и воопшто на цела Македонија повторно ја украде Ѓер во денот во кој шампањското се ладеше од изутрина, па и, веројатно, однапред испечатените „limited edition“ маички со наслов „ШАМПИОНИ“ ќе останат само спомен на едни прекрасни години и за ракометарките и за ракометни фанови

„Старата дама“ во финалето на Купот на Италија ги декласира „росонерите“ со 4:0. Сите четири погодоци на „Олимпико“ паднаа во второто полувреме од кои два беа дело на Бенатија, еден на Коста, а последниот беше автогол на Калиниќ